• Latest
Фото: МИА

Мицкоски ќе биде 13. премиер на 20. македонска влада

June 23, 2024

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски ќе биде 13. премиер на 20. македонска влада

June 23, 2024 08:37
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада. Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење. Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде 20. влада од осамостојувањето на државата.

Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 22 седница ја разгледа и усвои „Информацијата за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042“ и ја усвои и „Методолошката рамка

Според одредбите од собранискиот Деловник, новата влада треба да биде изгласана најдоцна до недела на полноќ. За да биде избрана, за неа треба да гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно потребни се најмалку 61 глас „за“.

Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници – 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.

Досегашни премиери

Од независноста најмногу мандати како премиер имал Никола Груевски, кој од 2006 до почетокот на 2016 четири пати составуваше влада по изборите во 2006, 2008, 2011 и 2014 година. Зад него е поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој беше премиер од 1992 до 1994, па потоа од 1994 до 1998 и од 2002 до 2004 година.

Прв македонски премиер беше Никола Кљусев и тој беше предводник на т.н. прва и експертска влада на Македонија. Кљусев како премиер на тогашната влада, по воведувањето на политичкиот плурализам, стапи на функцијата откога беше избран од Собранието на 20 март 1991 година. Кљусев беше економист, универзитетски професор и член на МАНУ. Мандатот на Кљусев го обележаа низа крупни политички настани, пред сѐ и преку формирањето на институциите на државата, армијата, воведувањето на денарот и етаблирањето на државата на меѓународната сцена.

Бранко Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, тоа им е јасно на сите, и затоа не верувам во приказните кои се пуштени во јавноста дека тој ќе формира нова партија, оцени денеска премие

На 4 септември 1992, откако СДСМ извојува победа на парламентарните избори, а на чело на Владата застана Бранко Црвенковски. Тоа е првиот негов премиерски мандат, а тој наедно е и најмлад мандатар, со тогашни 29 години. Црвенковски ја води Владата до крајот на ноември 1998 година, односно вкупно шест години и три месеци. Тоа се бурни времиња на политичката сцена, кои се карактеризираат и со болна транзиција, но и со блокади и ембарга од Грција. Црвенковски по втор пат станува премиер по изборите во 2002 година, неколку месеци по завршувањето на безбедносната криза во Македонија во 2001-та. Во вториот наврат на премиерската функција, Црвенковски раководи со Владата во времетраење од околу две години, по што се кандидира за претседател на државата и по победата на изборите, претседателската функција ја извршува од 2004 до 2009 година.

Трет македонски премиер беше Љубчо Георгиевски, кој по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година застанува на чело на Владата и ја предводи до 1 ноември 2002 година. И Георгиевски мандатот го поминува во исклучително тензичен и тежок период, во кој се случуваат воениот конфликт и бегалската криза во соседно Косово. По параментарните избори во 2002 година, на челното место во ВМРО-ДПМНЕ го наследува Никола Груевски. Во 2004 година, по несогласувања со политиката на Груевски, Георгиевски се повлекува од ВМРО-ДПМНЕ и ја формира ВМРО-Народна партија. Од февруари до октомври 1991 година, тој беше и потпретседател на претседателот на Македонија.

На премиерското столче на 2 јуни 2004 година, седна и банкарот Хари Костов. Тоја застана на чело на Владата како непартиска личност, по изборот на дотогашниот премиер Бранко Црвенковски за претседател на државата. Костов на премиерската функција беше неполни шест месеци, а на 15 ноември истата година си заминува од оваа позиција.

Северна Македонија нема алтернатива. ЕУ е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вред

По изборите во 2002 година, СДСМ од своите редови делегира уште еден премиер, односно универзитетскиот професор по Римско право Владо Бучковски. На 26 ноември 2004 то е избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов.  Бучковски ја предводеше Владата од 12 декември 2004 година до 26 август 2006 година.

По изборната победа во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во државата и на чело на Владата застанува Никола Груевски. Овој македонски политичар и економист по вокација, во серија на неколку редовни и предвремени изборни циклуси остана најдолго на премиерската функција, односно четири мандати во вкупно траење од 9 години и 145 дена. Во мандатот на Груевски имаше и неколку големи политички кризи, за чие надминување посредуваше меѓународната заедница. Во тоа време беа и Шарената револуција, објавувањето на таканаречените бомби и договорот за формирање Пржинска влада пред секои избори. На чело на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше од мај 2003 до неговото повлекување од таа позиција во декември 2017. Груевски во мај 2018 година е осуден на двегодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба при набавка на службено возило. Во ноември истата година избега во Унгарија каде што доби политички азил.

На 1 јуни 2017 година, тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев го започна првиот премиерски мандат, кој траеше две години и седум месеци, сѐ до предвремените парламентарни избори. Во вториот мандат, Заев е премиер една година и четири месеци, сѐ до моментот додека не поднесе оставка по поразот на СДСМна локалните избори во 2021 година. Во периодот на Заев, беше потпишан Преспанскиот договор со Грција, кој донесе и промена на името на државата, а беше склучен и Договорот за добрососедство со Бугарија. За време на мандатот на Заев како премиер, Македонија стана и полноправна членка на НАТО. На лидерското место во СДСМ беше од 2013 до 2021 година.

null

Димитар Ковачевски кој го презеде челното место во СДСМ од Заев, ја предводеше Владата од 16 јануари 2022 година до 28 јануари 2024 година, односно 2 години и 10 дена. Ковачевски е економист и поранешен професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје. За претседател на СДСМ е избран на 12 декември 2021 година. Ковачевски го наследи Зоран Заев на премиерската и партиската функција по неговото повлекување во 2021 година. По поразот на  претседателските и парламентарните избори, Ковачевски си даде оставка од претседателската функција во СДСМ.

И технички премиери седеа на „Илинденска“

Владата во изминатиот период беше предводена и од т.н. технички премиери и од лидери на преодна влада. Последен ваков случај е со актуелниот технички премиер Талат Џафери. Тој од местото претседател на Собранието застана на чело на  техничката Влада на 28 февруари годинава и ја предводи до формирање на новата влада.

Пред Џафери, оваа функција беше извршувана и од Оливер Спасовски. Тој застана на чело на техничката влада на 3 јануари 2020 година и ја предводеше 241 ден, односно сѐ додека по изборите повторно на премиерското столче не се врати Зоран Заев.

Пред Спасовски, оваа функција ја извршуваше и Емил Димитриев, кој управуваше со техничката влада од 18 јануари 2016 година, по оставката на премиерот Никола Груевски како дел од договорот постигнат во Пржино. Димитриев како технички премиер ја водеше Владата вкупно една година и 134 дена, односно до 1 јуни 2017 година.

Во оваа група технички или преодни премиери влегува и единствената жена Радмила Шекеринска, која во два наврата беше на чело на таканаречена преодна влада, како вршител на должноста. Оваа македонска политичарка, која дипломирала на Електротехничкиот факултет, првиот мандат на вршител на должност на преодна влада го започна на 12 мај 2004 и остана на функцијата до 2 јуни истата година. Вториот мандат ѝ беше од 18 ноември 2004 до 17 декември 2004 година.

Анализата е преземена од новинската агенција МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ