Косовскиот премиер Албин Курти со делегација министри денеска е во посета во владата на Северна Македонија, кај премиерот Христијан Мицкоски. Тие имаа тет-а- тет средба, а потоа одржаа заедничка прес конференција.
На заедничката прес конференција помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Косово, Христијан Мицкоски и Албин Курти, на новинарско прашање, дали Мицкоски се извинил за инцидентот на скопскиот аеродром на втори јули, со косовската претседателка Вјоса Османи, Курти одговори дека додека траела тет-а тет средбата со Мицкоски, имало извинување од негова страна, односно, дека изразил жалење за инцидентот и на средбата, како и претходно.
За време на прес конференцијата за медиуми, Мицкоски изрази жалење за тоа што се случило, нагласувајќи дека, доколку дознал на време, ќе одел на аеродромот лично, и би ја дружел претседателката, како и дека ќе се погрижи никогаш повеќе да не се случат слични инциденти, бидејќи двете земји имаат одлични соседски односи во сите сфери, и дека и во иднина ќе продолжи да се гради добриот однос.
Мицкоски вети дека по официјалните резултати од истрагата, која што според него ќе се води во два дела, првиот – за тоа што се случувало со однесувањето на обезбедувањето со Османи, а вториот дел – откако на аеродромот пристигнал член од обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој и да извршил пречекорување на службената должност, ќе одговара пред законот.
На втори август ( петок) додека претседателката на Косово Вјоса Садриу Османи поминувала на гранична контрола на пунктот за безбедносна проверка во ВИП – салонот, според МВР, вработен во ТАВ побарал нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, но член од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ. Сепак, рачниот багаж и телефонот биле вратени и поминале низ скенерот.
Од МВР велат дека половина час потоа, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на косовската претседателка.
Д. Тахири