• Latest

Мицкоски: Оперативен план за вработување вреден 40 милиони евра кој опфаќа над 16.000 граѓани

May 28, 2025

24 ЧАСА: Обвинети три лица за дивите депонии во „Вардариште“; за Сикорски тврдењето за украинска провокација е руска пропаганда; некои македонски медиуми премолчуваат дека руски дроновите упаднаа во Полска; бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски: Оперативен план за вработување вреден 40 милиони евра кој опфаќа над 16.000 граѓани

Согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица. Од кои 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.

May 28, 2025 13:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од нив 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Повторувам дека во оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат креирање на нови работни места и зголемување на вработеноста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош.

Согласно Оперативниот План за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во активни мерки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.

Со овој план се опфаќаат две главни точки. Првата е директна поддршка за стартап бизниси на млади што и беше мое ветување за младите.

Втората работа е организиран пристап во сузбивањето на појавата на пожари особено присутен проблем во летниот период за што ќе се вработат 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините каде ќе има потреба, како и дополнително вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

За прв пат државата ангажира толкав број на лица кои ќе помагаат во справувањето со пожарите откако го затекнавме девастиран целиот систем на справување со пожарите. На овој начин се подготвуваме за предизвиците кои следат ова лето и ги преземаме активностите со кои ќе бидеме подготвени.

Што се однесува до мерките за млади.

Очекувано е од вклучените лица околу 65% да бидат млади до 29 години, особено затоа што сите мерки се креирани првенствено да ја опфатат оваа категорија, а притоа постојат и такви мерки кои имаат за цел посебно да ја таргетираат оваа група на граѓани. Младите се ставени во фокусот со цел да се спречи одливот на мозоци и работна сила, бидејќи тие се иднината на државата и економските стратегии на секоја една сериозна држава треба да се градат врз темелот на можностите и капацитетите на младиот човек. Како дел од тој сет мерки би ги издвоиле, и ако дозволите накратко би ги дообјасниме;

– Поддршката за самовработување-невработени млади лица до 29 години која според проекциите има опфат од 720 лица. Со оваа мерка невработените добиваат поддршка да започнат или да формализираат сопствен бизнис, со услов да се евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование. Висината на финансиската поддршка е 615.000 денари (неповратни средства за основање на бизнис) и 3.000 денари за финансирање на дел од трошокот за регистрација на правен субјект.

– Понатаму поддршка за самовработување-здружување во ДОО кое е предвидено да опфати 400 лица од кои 220 млади до 29 години, која има за цел да овозможи невработените да започнат или да формализираат сопствен бизнис, при што невработените лица треба да се евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование. Висината на финансиската поддршка изнесува од 861.000 денари до 1.230.000 денари (правен субјект од два содружника). Најнискиот износ од 861.000 денари се однесува на два содружника над 29 години, а највисокиот износ од 1.230.000 денари се однесува на два содружника до 29 години. Исто така може содружници да бидат лице до 29 години и лице над 29 години. Дополнително се предвидуваат и 3.000 денари за финансирање на дел од трошокот за регистрација на правен субјект.

– Потоа за практикантство чија цел е да вклучи 1.352 млади лица до 29 години за стекнување практични работни знаења и вештини потребни за извршување работни задачи на одредени работни места, при што еден од предусловите е лицата да имаат минимум завршено средно образование.

– Младинскиот додаток за 3.500 млади до 23 години кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Оваа мерка е насочена кон зајакнување на капацитетите на стопанството со намера поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството по завршување на средното образование, со што ќе се придонесе до подобрување на нивниот животен стандард со работа и задоволување на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Висината на финансиската поддршка изнесува 3.000 денари месечно по вработено лице.

И секако други проекти и мерки за вработување на младите лица содржани во годишниот оперативен план.

Освен тоа што фокусот на Оперативниот План за 2025 е посебно насочен кон млади до 29 година, дополнително со него се помага и на долгорочно невработените лица, корисниците на гарантирана минимална помош и поддршка на други загрозени категории на граѓани. Дозволете ми таксативно да набројам дел од програмите и мерките:

Поддршка за самовработување (претприемништво)-невработени лица над 29 години која има потенцијал да опфати 610 граѓани;

Поддршка за вработување на лица со попреченост, со опфат од 150 лица;

Обука на работно место кај конкретен работодавач, со опфат од 245 невработени лица евидентирани во АВРСМ;

Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот за 600 невработени лица;

Обуки за возачи за Ц, ЦЕ и Д-категорија за 200 невработени лица евидентирани во АВРСМ;

Но, и обуки за странски јазици, основни вештини за работа со компјутери и многу други мерки и програми.

Ги повикуваме граѓаните, правните субјекти и јавноста да се запознаат во целост со можностите кои ги нуди оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, да се запознаат со условите и бенефициите кои се нудат.

Оперативниот план има за цел да ја намали невработеноста и да го искористи целиот човечки капацитет на Македонија во насока кон развој на економијата и обезбедување на подобар живот на граѓаните.

Овој план е резултат на опсежна анализа на потребите на пазарот на трудот и потребите на лицата кои бараат работа.

Секој еден човек е значаен и затоа како Влада ќе се бориме да отвораме повеќе работни места, обезбедуваме работа и иднина на секој граѓанин тука, дома во Македонија, рече Мицкоски.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ