• Latest

Мицкоски призна уште еден свој пораз

July 1, 2022

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Мицкоски призна уште еден свој пораз

Мицкоски го призна тоталниот пораз на неговата политика на блокади. Значи, ќе престанел со протести, за да се фокусира на францускиот предлог? Поради „потенцијалното предавство на државните и национални интереси“? Потенцијалното! Мислам дека не можеше да биде посмешно.

July 1, 2022 15:00
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

„Со оглед на зголеменото ниво на претпазливост кое мораме да ги имаме поради чекорите околу францускиот предлог, потенцијалното предавство на државните и национални интереси, решив одлуката за таквите протести да ја измениме и целосно да се фокусираме на решението“ – рече Мицкоски на прес конференција вечерта на 30 јуни пред Белата палата (која е на „добош“).

Што значи ова? Ништо друго, освен збунето и лошо формулирано признание.

Мицкоски го призна тоталниот пораз на неговата политика на блокади. Значи, ќе престанел со протести, за да се фокусира на францускиот предлог? Поради „потенцијалното предавство на државните и национални интереси“? Потенцијалното! Мислам дека не можеше да биде посмешно.

Само уште празните столчиња му се послушни на Мицкоски, а веројатно ни тие нема уште долго да го следат. Соочен со неуспехот на неговата партија и неговите сојузници во „неполитичките“ формации, како што се синдикалните лидери под контрола на вмро, Мицкоски реши да смени „стратегијата“. Виде дека не му поминуваат протестите на кои, наместо луѓе, му доаѓаат столчиња.

Колку и да нема контакт со реалноста, Мицкоски, конечно сфати дека блокирањето на сообраќајниците со мали групи партиски пешадинци, само ги револтира луѓето.

Без престан, вмро го контаминира јавниот простор, медиумите и социјалните мрежи со личните амбиции на една мала група луѓе што ги зграпчиле фотелјите во Белата палата и не ги пуштаат.

За Мицкоски, сите се предавници, макари и „потенцијални“, хахаха! Само тој е на „браникот“ на националните интереси.

Ова е уште еден очигледен пораз на политиката на блокади, опструкции и манипулации. Мицкоски и нему послушните и сличните, а сите заедно, послушни се знае кому, во континуитет ги блокираат сите клучни процеси и националните интереси на државата. За да ги задржат позициите, евентуално и да се дограбат до власт, ним им одговара изолација и политичка, економска и безбедносна нестабилност на Македонија. Само тоа ги спасува – хаос и насилство.

Со ставот на Ковачевски искажан на прес конференцијата во Брисел на 23 јуни, поддржан од Рама и со симпатиите и поддршката од најголем дел земји членки на ЕУ, уште еднаш беше поразена бугарската апсурдна политика и ја натера да се повлече со подвиткана опашк. И ете го Мицкоски, сега ќе престане со протести за да се посвети на француската пудлица, пардон, францускиот предлог. Ковачевски објавува и повикува новиот предлог да биде разгледан во најшироки можни рамки, во „широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.“ А Мицкоски бара предлогот да се објави на веб страницата на Владата! Па добро, џе је ту логика? Или премногу барам?

Ова ме потсети на една сцена, кога низ целата земја пожарникарите се бореа со огнената стихија во јули 2021 година, се појави со полалитарско шишенце вода, да држи лекции пред камерите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ