• Latest

Мицкоски се соочува со партијата, или партијата со Мицкоски?

February 11, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски се соочува со партијата, или партијата со Мицкоски?

February 11, 2021 10:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, составен од  поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и актуелни градоначалници, обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство од делегатите и го закажа 17. вонреден Конгрес на партијата на 28 март во Скопје, соопштија од Иницијативата.

Причина за свикувањето на вонредниот Конгрес е незадоволството од  политиките на актуелниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од иницијативата велат дека Христијан Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување меѓународна поддршка.

„Делегатите сметаат дека е недозволиво претседателот на кој што му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг. Затоа иницијативниот одбор одлучи, со поддршка на мнозинството членови да свика седница на Конгресот надвор од редовниот термин“, соопшти Иницијативниот одбор, кој бара отчет за сработеното од актуелниот претседател и гласање доверба. Во наредните денови Одборот ќе ги формира телата за спроведување на Конгресот, ќе го промовира слоганот и ќе дистрибуира покани и материјали за делегатите. Иницијативниот одбор ги повикува сите заинтересирани кандидати за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ да достават апликации заедно со план за нивно делување.

Од Иницијативата додаваат дека, ако Мицкоски ѝ мисли добро на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш ќе се повлече од функцијата и ќе го поддржи одржувањето на вонредниот 17. Конгрес.

Пратеникот Антонијо Милошоски  изјвави дека иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е „статутарно неоснована“ без да даде дополнителни аргументи.

– Во моменти кога државата е хибриден режим, најкорумпирана држава во Европа, нула вакцини, 3.000 жртви, 55.000 нови невработени и многу затворени фирми, Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ се обидува тоа да го релативизира и да му фрли гума за пливање на Зоран Заев – рече Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ и вчера побараа оставка од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бидејќи бил осудуван за кривични дела во Германија.

„Пратеник кој ги лаже граѓаните не може да ги претставува, фатен во сопствените лаги треба да се извини и да се повлече. Според последните информации објавени во медиумите, поткрепени и со документи, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бил осуден за сторени кривични дела во Германија. Осуден од суд во Ахен и казнет со парична казна за сторените дела. Според објавениот документ еден од основите за казната се однесуваат на кражба и злоупотреба на мала вредност и придобивки со измама, согласно германското законодавство. Наместо да излезе пред јавноста, да одговори, Милошоски се обиде да се скрие зад социјалните мрежи и несмасно да обвинува други за шпекулации. Антонијо Милошоски, докажаниот извор на лажни вести, и близок соработник на Мицкоски е фатен во нова лага. Ова е крајно нечесен однос од ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните. Ништо не се менува во оваа партија, се уште заробена во криминалната режимска матрица. Ова е скандал кој целосно ги потопува Милошоски и Мицкоски, но и го нарушува меѓународниот углед на земјава“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Антонијо Милошоски, пак, обвини дека зад сето ова стои СДСМ кој, според него, изминатите седум години прави афери преку фалсификување. Тој тврди дека станува збор за спин и за дезинформација.

Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации и спроведување на комуникациската стратегија во Владата на Република Северна Македонија, на својот Фејсбук профил напишал дека Антонијо Милошоски е срам за македонската држава и политика.

Сашо Орданоски во денешната колумна Може ли ВМРО-ДПМНЕ да ја избегне внатрепартиската „граѓанска војна“?, вели дека прашањето за новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се решава на вонредниот партиски конгрес во март, туку ќе се решава на суд. Тоа е така, бидејќи кога иницијативата за вонреден партиски конгрес ќе избере (белки) нов претседател, тој ќе треба да се пријави во надлежниот суд за да стане официјален правен застапник на партијата. Без такво правно легитимирање, тој избор ќе биде политички театар на противниците на Христијан Мицкоски и неговото раководно окружување.

Дел од Иницијативнот одбор се поранешниот градоначалник на Дојран Борче Стамов, екс градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, на Аеродром Ивица Коневски, Филип Петровски, како и уште неколку членови на опозициската партија.

И актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој во 2018-та година беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку дена на ТВ емисија  најави дека би поддржал ваков конггрес за смена на Мицкоски.

„Имам контакти скоро со сите членови и бивши и моментални членови на повисоко ниво. Имам контакти, верувајте дека има луѓе кои што објективно размислуваат за ВМРО-ДПМНЕ. Партијата им значи нешто, не на лична основа, туку на основа на градење добра политика во државата и има нивна загриженост во делот на раководењето на партијата. Контактите ги воспоставувам и со она што вие го нарекувате „Мериотска коалиција“. Знам дека тие сакаат да одат на опција на педвремен конкгрес. Така што доколку се случи и биде легитимен и правно основан јас би го поддржал“, изјави Јанчев.

подготвија: Д.Т и И. К.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ