• Latest
Добро утро со Орданоски

Може ли ВМРО-ДПМНЕ да ја избегне внатрепартиската „граѓанска војна“?

February 11, 2021
Фото: ДСНС Кијив/ДСНС Харкив

„Ситуацијата сега е најлоша“ – 70% од Киjив без електрична енергија откако Русија повторно ја нападна Украина со дронови, крстосувачки и балистички ракети

January 13, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Притисок, клиентелизам и партиска зависност на гласачите (4)

January 13, 2026

Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

January 13, 2026
Скриншот од видео на ВВС

Трамп разгледува опции за воена интервенција во Иран, воведе царини од 25% за земјите што соработуваат со Техеран додека врши репресија врз демонстрантите

January 13, 2026
Фото: Скриншот

Молдавската претседателка Маја Санду вели дека е за обединување со Романија

January 13, 2026

Мониторинг на хибридни закани: Подводната инфраструктура на Европа е во опасност

January 13, 2026

Сведоштва од Иран: Смртоносна репресија врз демонстранти и сериозни обвинувања за кршење на човековите права

January 13, 2026
Креирано со помош на ВИ

По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

January 12, 2026
Илустрација генерирана со ВИ

Интензивирани повиците за импичмент на Трамп по „нелегалната“ операција во Венецуела и заканите дека може да го стори истото и на други места во светот

January 12, 2026

Ненаучени лекции: Повеќе од технички недостатоци – Широко распространета култура на некомпетентност (3)

January 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Фото: ДСНС Кијив/ДСНС Харкив

    „Ситуацијата сега е најлоша“ – 70% од Киjив без електрична енергија откако Русија повторно ја нападна Украина со дронови, крстосувачки и балистички ракети

    Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

    Скриншот од видео на ВВС

    Трамп разгледува опции за воена интервенција во Иран, воведе царини од 25% за земјите што соработуваат со Техеран додека врши репресија врз демонстрантите

    Фото: Скриншот

    Молдавската претседателка Маја Санду вели дека е за обединување со Романија

    Мониторинг на хибридни закани: Подводната инфраструктура на Европа е во опасност

    Сведоштва од Иран: Смртоносна репресија врз демонстранти и сериозни обвинувања за кршење на човековите права

    Илустрација генерирана со ВИ

    Интензивирани повиците за импичмент на Трамп по „нелегалната“ операција во Венецуела и заканите дека може да го стори истото и на други места во светот

    Фото: Скриншот

    „Фатален момент“ за Данска: Заканите на Трамп кон Гренланд и стабилноста на НАТО и Арктикот

    Скриншот од видео на
TVP WORLD

    Нов бран руски напади врз Киjив каде илјадници немаат греење, Запорижја и Днипропетровск повторно без струја, Украина се соочува со најтешката ситуација со електрична енергија оваа зима

    Илустрација ВИ

    Нов закон против пушењето: Строги забрани, големи ветувања – европска реторика, македонска реалност

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Искршена влезната врата на бугарската амбасада во Скопје – Бугарија тврди дека Северна Македонија толерира напади и говор на омраза

    Фото: Oд  Фб профилот на Стоиљковиќ, од присуство на настанот

    СДА Македонија: Вицепремиерот на македонската Влада во функција на големосрпската агенда во Босна и Херцеговина

    Фотгорафија: Влада на РСМ

    Европски стандарди и маневрите на Мицкоски: Што стои зад најавата за укинување на техничката влада?

    Премиерот Христијан Мицкоски, Сопиште, Скопје, 4 јануари 2026 (фото извор: скриншот од видео објавено на владиниот Јутуб канал)

    Северна Македонија – ЕУ – Бугарија: Како еден документ стана политички спектакл наместо предмет на дебата

    Фотомонтажа: слики од Фб и Инстаграм

    Министри и министерки изгубени во маглата на неисполнети ветувања

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    Мицкоски: Можеби некој ќе се исмејува, но сиромаштијата се намалува и имаме подобар „џини индекс“ од ЕУ и регионот

    Војо Маневски

    Не славам нови години во кои нема избори

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

    Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

    Патување во Берлин

    Креирано со помош на ВИ

    Убиствата на демонстранти на протестите во Иран неинтересни за ОН и Грета Турнберг – освен ако не се инволвирани Израел и САД

    Доаѓа ли крај на приказната за Црна Гора како еколошка држава?

    Една жртва и коалиција на агресори

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Може ли ВМРО-ДПМНЕ да ја избегне внатрепартиската „граѓанска војна“?

February 11, 2021 07:51
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Прашањето за новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се решава на вонредниот партиски конгрес во март, туку ќе се решава на суд. Тоа е така, бидејќи кога иницијативата за вонреден партиски конгрес ќе избере (белки) нов претседател, тој ќе треба да се пријави во надлежниот суд за да стане официјален правен застапник на партијата. Без такво правно легитимирање, тој избор ќе биде политички театар на противниците на Христијан Мицкоски и неговото раководно окружување.

Тоа нè води до суштината на вмровскиот начин, повторуван неколку пати во изминатите три децении, за правење партиски преврати: кај кого се партиските печати, тој владее со партијата. Претпоставувам дека Мицкоски или спие до партискиот сеф каде што се чуваат печатите, или веќе ги има прибрано во сопствениот џеб. Бидејќи, секоја трета опција (на пример, да има доверба во лојалноста на своите блиски соработници и сл.) може да се покаже како голем правно-политички ризик за него.

Тоа е легалната страна на таа тукушто започната приказна.

Прашањето, пак, на легитимитетот на изборот на новиот опозициски лидер – сеедно дали во март, вонредно, или во ноември, редовно – просто го наметнува очигледното, едноставно, иако можеби наивно прашање: па, зарем решението за овие неизвесни, а наскоро веројатно и драматични опозициски превирања, не се крие токму во она што владејачката партија (СДСМ) го воведува како нов демократски стандард во сопствените внатрепартиски избори – лидерот да го бира целото членство на партијата? Па, што би рекле Србите, „ком обојци, ком опанци“?!

Тоа ќе го даде најквалитетниот одговор на сите пропагандни манипулации кои се сега во оптек: дали Заев, а не голем дел од членството, стои зад иницијаторите за вонреден конгрес (бреее, многу способен овој Заев, бе, бира лидери и во власта и во опозицијата истовремено?!); дали, напротив, најголемиот дел од членството е зад Мицкоски (под услов тој, всушност, да се кандидира за нов претседателски мандат); дали и кој во пратеничката група, по општинските комитети, во младинските и ветеранските партиски структури и во Извршниот комитет на партијата му се лојални на претседателот Мицкоски; што мисли за целата работа Будимпешта… И така натаму.

Всушност, не е ли тоа изборниот „компромис“ што е прифатлив за големите демократи во опозицијата и од едната и од другата спротивставена страна, па наместо во март или во ноември, да закажат внатрепартиски претседателски избори во септември, таман до тогаш да го прилагодат партискиот статут за ваков вид на избори (ете, нека препишат од СДСМ), а и да го регулираат списокот на партиското членство? Така, можеби, на изборниот партиски „тикет“ ќе се појават и оние кои сега молчат, чекајќи да видат која страна ќе превладее и дали нема како резултат од кавгата на „двајцата“, некој „трет“ да извлече корист?

Имаше Мицкоски неколку години (а и квалитетни внатрепартиски понуди!) демократски да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ, за да не се најде во сегашнава ситуација да ги крие партиските печати по сопствените џебови. Со самото тоа ќе влезеше во партиската историја, без разлика што можеби ќе излезеше од партиската активна политика.

Сега му останува последната шанса, наместо во жестока конфронтација со неистомислениците во партијата – по што, неминовно, ќе следува внатрепартиска „граѓанска војна“ и долгогодишна криза во ВМРО-ДПМНЕ – да се обиде да го понуди овој одговорен политички компромис, за општ избор од страна на членството на новиот партиски претседател. Да го реши проблемот со повеќе, а не со помалку демократија.

Не знам зошто, нешто ми вели дека до тоа нема да дојде. Арогантен, тврдоглав, опсесивен, а по малку и уплашен – овие другиве, пак, немаат што да изгубат. Рецепт за внатрепартиска катастрофа.

Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: ВМРО-ДПМНЕвнатрепартиски изборидемократијаМицкоскиреформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фотгорафија: Влада на РСМ

    Европски стандарди и маневрите на Мицкоски: Што стои зад најавата за укинување на техничката влада?

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Додека Иран еруптира, Трамп се заканува, Путин молчи и гледа од страна

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Трамп во обид да го оправда она што сите го видоа како ладнокрвно убиство – која е жената убиена од ICE во Минеаполис

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Зошто Вучиќ сè уште не распишува предвремени избори?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Северна Македонија – ЕУ – Бугарија: Како еден документ стана политички спектакл наместо предмет на дебата

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ