ДРАГАН МИШЕВ
Колку само демо-христијанска симболика, со голема доза на патетика има во фотографија од координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ што ја обелодени нивниот лидер, Христијан Мицкоски.
Настрана фактот, со кој треба да се позанимаваат институциите одговорни за лицата кои себеси се поистоветуваат со познати личноси од историјата, со обелоденувањето на самата фотографија, нејзиниот објавувач, кој се става во улога на Месија, праќа порака, свесно или потсвесно (или подобро кажано вонсвесно) со која алудира на тајната вечера на која Исус бил предаден.
Самонаречениот Месија, на овој начин праќа порака дека очекува (знае, има дојава), дека во пресрет на расправата за уставните измени ќе биде предаден, и нама да успее во својата месијанска мисија да ја спаси библиската земја Македонија.
Останува на јавноста и на историјата да одгатнат кој е Јуда-та во оваа ситуација, дали некој од присутните, или некој од десетината пратеници кои не се појавија на (тајната вечера) коордиацијата?
За улогата на некои други индивидуи од фотографијата, како докажаниот рашист и путинољубец, анти-ЕУ и анти-Нато прв другар на Милорад Додик, како и спијачот по таваните на Каракачанов, одавна сé се знае.
Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.