• Latest

Младеновска: Скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје не се вакцинирани со ДиТеПер

March 12, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Младеновска: Скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје не се вакцинирани со ДиТеПер

March 12, 2024 16:01
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скоро 50 отсто од децата во градинките во Скопје се невакцинирани или се делумно против пертусис, а во внатрешноста над 95 отсто од дечињата се вакцинирани, информираше денеска директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска.

ДСЗИ, како што рече, ги контролира и приватните градинки.

Фактот што околу 50 отсто од децата се невакцинирани или нецелосно, како што оцени, е поразувачки. Податоците се од списоците што биле доставени вчера до ДСЗИ од градинките, а акцијата ќе продолжи.

Од вчера ДСЗИ врши надзори низ градинките и издава решение за забрана за примање деца кои се невакцинирани или нецелосно против пертусис.

-Директорите ни дадоа уверување дека ќе ја почитуваат забраната, а за тоа ќе провериме во текот на денов и во наредните денови, рече Младеновска.

Не е точно, вели таа, дека дете по примена вакцина против пертусис треба да остане дома 21 ден.

-Од наша страна таква мерка не е издадена. Ниту пак од страна на министерот за здравство или од Комисијата за заразни болести. Апсолутно е неточно дека треба 21 ден да седи дома по вакцина, рече Младеновска на новинарско прашање.

Нагласи дека ДСЗИ постапува исклучиво по донесена препорака од Комисијата, односно по донесена одлука на министерот за здравство.

За тоа кога може да се очекуваат првични резултати дали се примале и невакцинирани деца во градинки деновиве,  се надева оти во текот на оваа недела ќе има подетални информации.

– Дали се примаат невакцинирани деца и доколку се примаат, ДСЗИ има можност да постапи по непочитување на решение, односно да изречи глоба и за правното лице и за одговорното лице во правното лице, подвлече Младеновска.

Pothuaj 50 për qind nga fëmijët në kopshtet në Shkup janë të pavaksinuar ose pjesërisht kundër pertusis, ndërsa në brendi mbi 95 për qind nga fëmijët janë vaksinuar, informoi sot drejtoresha

На прашање дали и сега за деца кои не можат да се вакцинираат поради оправдани здравствени состојби, валиден ќе биде само потребниот картон од Детска клиника, Младеновска рече дека постапуваат исто како и во епидемијата од морбили.

Во петокот, ДСЗИ излезе со соопштение за јавноста дека од понеделник, 11 март, ќе започне да врши вонредни инспекциски надзори во предучилишните установи на територија на град Скопје согласно добиената одлука од страна на Министерството за здравство и прогласена епидемија од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Мајка на шестгодишно дете од општината Карпош за МИА изјави дека утрово од градинка во оваа скопска општина, биле враќани деца кои не биле целосно вакцинирани против пертусис. Родителите добиле и порака со која ги известуваат дека децата кои се вакцинираат со последната ревакцина може веднаш да присуствуваат во градинка.

Tags: вакциниградинки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ