• Latest

По ветувањата, младите во Македонија, очекуваат дела!

July 13, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По ветувањата, младите во Македонија, очекуваат дела!

July 13, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Многу млади луѓе од Македонија со спакувани куфери го пречекаа 31 мај, кога Собранието ја изгласа новата Влада на Зоран Заев. Им поверуваа на преизборните ветувања на СДСМ дека како владејачка партија, ќе спроведат политики што ќе ги стимулираат младите да останат во својата држава.

Сега тие го следат секој чекор на Владата, секој потег на министрите, на вицепремиерите, на премиерот Заев… А, во говорите на политичарите речиси неизбежни се ветувањата и пораките, дека младите се приоритет на оваа Влада, која што ќе создаде услови за отворање нови перспективи за нив.

Зоран Заев, летен камп на СДММ, Охрид, 08, јули, 2о17

„Со нашата креативност, мудрост и знаење, заедно ќе одржиме лекција дека Македонија може да биде едно среќно и поперспективно место за живот за сите граѓани, а посебно за младите. Животот е нашето мото, им го ветивме на граѓаните и сега наша должност е тие да го почувствуваат и да го конзумираат од позитивен аспект, секојдневно“ им порача премиерот Заев, од позиција на партиски лидер, на членовите на Социјадемократската младина на Македонија, на летниот камп што деновиве се одржа во Охрид.

„Младите се сегашноста и иднината на Македонија“, рече Александар Кирацовски на летниот камп на СДММ.

„Наша приоритетна цел е младите да ја проектираат и да ја градат својата иднина во сопствената татковина, во Македонија!Сега заедно работиме на отворањето нови песпективи за младите и на нивна интеграција во општеството. Главниот акцент е ставен токму врз мерките со кои ќе се подобрат животот и стандардот, а младите ќе дојдат полесно до прво вработување. Воведување на проект ‘Гаранција за младите’, ќе обезбеди во период од четири месеци по завршување на школувањето, секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, да стапи на пракса или тренинг за подготовка за вработување. Тоа е реална младинска политика и јадро на политиките за вработување“, вети и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, говорејќи пред многуте невработени млади социјалдемократи, од позиција на потпретседател на партијата.

Но, во Македонија не се само партиските членови. Во Македонија живеат и илјадници други талентирани, едуцирани млади луѓе што не се членови не само на СДСМ, туку на ниту една друга партија. Многумина од нив, својот глас на овие избори го дадоа за СДСМ, изразија поддршка за работата на новата Влада.

Денеска е 43 ден, брзо ќе поминат и 100 дена од работата на новата Влада, кога ќе се прави резиме од сработеното. А, очекувањата на младите се огромни. Се надеваат дека покрај критиките за работата на ексвладејачката ВМРО-ДПМНЕ, која што без поговор вработуваше само партиски војници, и нереално ја прикажуваше сликата со невработеноста, сега за оваа Влада, критериуми за вработување ќе бидат знаењето и вештините што ги поседуваат младите, а не нивните партиски книшки.

Стотици неопределни млади во оваа држава, одбиваат да го „купат“ бугарскиот пасош, што е гарант за успешна иднина во развиениот свет. Стотици неопределени млади во Македонија, избираат сега свесно да останат во својата татковина, со верба дека новата власт ќе создаде клима за да се отворат брзо нови работни места, дека за нив ќе има пристоен живот, пристоен стандард, квалитетно образование и наградба на своите знаења и вештини.

Но, овие луѓе немаат многу време за чекање. Следејќи ги примерите на своите родители, кои што половина живот поминаа во неостварени надежи за подобра Македонија, новите млади генерации сега бараат брзи и квалитативни реформи.

Не ветувања, бараат дела од новата власт! Тоа е нивната порака! Часовникот одбројува и за новата Влада!

Моника Талеска

Tags: Александар Кирацовскибугарски пасошиВМРО-ДПМНЕвработувањаЗоран Заевиселувањемладимладински политикинеопределниОливер СпасовскиСДММСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ