Креативната работилница „Обединети против насилството“ што се одржа во Гази Баба, во организација на ЦИВИЛ, ги собра на едно место повеќе од 20 деца од повеќе средни и основни училишта во општината на заедничко дружење и сликање на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.
ЦИВИЛ изразува огромна благодарност до сите учесници што учествуваа во работилницата и честитки за нивната креативност и придонес во борбата против насилството.
Работилницата ја водеа членовите на работната група за превенција од насилен екстремизам од Гази Баба, професорите и наставниците на учесничките и учесниците, заедно со тимот на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.
Б. Јордановска
Монтажа: Ариан Мехмети