„Треба секој да излезе да гласа на референдум, бидејќи ако не ја искористиме оваа шанса ќе се вратиме 100 чекори назад“, вели еден граѓанин од Штип на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – што мисли за референдумот.
Еден штипјанец додава дека треба да успее референдумот за да може младите слободно да одат во странство да не бидат ограничени.
„Ќе гласам за подобра и попросперитетна иднина, бидејќи нашата младост отиде чекајќи нешто подобро, сега барем нашите деца да имаат подобра иднина“, истакна еден граѓанин.
Една граѓанка вели дека ќе гласа на референдумот за да ги спаси младите, односно додава: „Доколку тука имаат убав живот нема да ни избегаат во странство“.
„Јас имам 68 години и давам целосна поддршка за референдумот за да има подобар живот. Мене ништо не ми треба имам германска пензија, меѓутоа ќе гласам за вас младите да имате подобра иднина“, потенцира еден граѓанин.
Дехран Муратов
Камера: Ариан Мехмети
Монтажа: Бунјамин Камбери