• Latest

Многу Џедаи, нула решенија!

January 22, 2020
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Многу Џедаи, нула решенија!

На празните и бесмислени закани од ВМРО-ДПМНЕ дека „кога ќе дојдат“ на власт, „џедајски“ ќе го поништат Договорот од Преспа, од СДСМ велат дека најавите на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот од Преспа претставуваат директна закана за полноправно членство во НАТО, ЕУ перспективата и воопшто иднината на државата.

January 22, 2020 17:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Оралните пресметки помеѓу политичките партии продолжуваат со несмалено темпо, со пресови и соопштенија едно по друго. Преспанскиот договор останува како оска околу која ќе се кршат копјата помеѓу ВМРО -ДПМНЕ  и СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ сѐ повеќе ја изострува токсичната реторика.

Од СДСМ се јавуваат со своите успеси за време на нивниот мандат, за успешните политики на СДСМ ја кои намалија невработеноста на 17.1% и отворија нови 60.000 работни места и дека оперативниот план за вработување за 2019 година е реализиран со огромни 98,6%.

На празните и бесмислени закани од ВМРО-ДПМНЕ дека „кога ќе дојдат“ на власт, „џедајски“ ќе го поништат Договорот од Преспа, од СДСМ велат дека најавите на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот од Преспа претставуваат директна закана за полноправно членство во НАТО, ЕУ перспективата и воопшто иднината на државата.

Со реакција се активира и „независната“ пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, додуша малку нејасно, но сепак, легитимно. „Независните“ од ВМРО во целост ги отфрлаат лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошевски, вчера на емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија, каде што ги обвини за поткуп на за гласањето на уставните измени. Независно.

Во меѓувреме, не се знае што точно размислуваат од ДУИ, бидејќи , освен површните активности на Бујар Османи со промовирање на потпишан договор за изградба на дури 2 километри автопат од пограничното село Блаце до границата со Република Косово, од  ДУИ си молчат удобно и самозадоволно во своите децениски зафатени владини и собраниски фотељи. Како што се развиваат работите, фотељите ќе им останат топли.

За паралелната „опозиција“, (паралелната бидејќи во земјава имаме паралелни политички опции од „етнички“ декларативни побуди) од албанскиот блок политички партии, сѐ уште не се знае дали ќе формираат коалиција. До сега е познато само дека се борат против имагинарен државен непријател бр.1, а тоа, се разбира е ДУИ, а имагинарен е затоа што и „борбата“ против ДУИ им е имагинарна. Како маалски Џедаи.

Дијана Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ