• Latest

Многумина си заминаа оти им ја украдоа иднината!

January 2, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Многумина си заминаа оти им ја украдоа иднината!

January 2, 2017 14:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2016-та многумина си заминаа. Со спомените. Им ја украдоа иднината. Им го одзедоа зборот. Ги протераа. Затоа не ја сакам…

 

Томислав Кежаровски
Пишува: Томислав Кежаровски

2016-та… 2016-та беше, и да не се повтори. Не ја сакам, затоа што таа беше уште една од низата на владеењето на „Фамилијата“. Беше година на воспоставениот тоталитарен режим, година на оние кои не поделија на „наши“ и „ваши“ и на „патриоти“ и „предавници“, а поделбата е официјализирана, институционализирана во сите јавни настапи на системот на пропаганда и систематски се спроведува за да служи на нивните примитивни пориви: омраза на сé што е подобро и попаметно, а заради нивно владеење и криминално богатење.

Не ја сакам затоа што кај и да се свртиш е резил невиден, да пропадне човек во земја од срам. Се разбира, ако има образ, домашно воспитување и ако вистински си ја сака татковината и е загрижен за иднината на своите деца и поколенија.

Во 2016-та многумина си заминаа. Си заминаа со спомените. Им ја украдоа иднината. Им го одзедоа зборот. Ги протераа. Затоа не ја сакам.

Мислев дека во 2016-та нешто ќе се смени, ама не, не се смени ништо. Не велам дека се удри врз слободата, туку дека се продолжи со удирањето врз слободата како универзална вредност воопшто и особено врз слободата на изразувањето, врз демократијата и уставниот поредок. Во Македонија не постои слободата на изразување и правото на поинакво мислење. Не ти даваат право да мислиш со своја глава. Не постојат за нив нијанси, или си црно или си бело. Повикуваа на линч за оние што можат да расудуваат и да донесат своја оценка. Ќе бидеш највулгарно прозиван, дури прогласен и за антидржавен елемент ако твоето мислење се коси со она на власта. Кај луѓето постои френетична параноја и чувство на безнадежност и неминовна пропаст, со заплет што води кон апсолутно, неизбежен крај.

Тешко е, знам, да се разбере сето лудило што ѝ се случи на Македонија. Ама, уште потешко е да се објасни.

Не, не ја сакам 2016-та. Оти во неа не се направи нешто корисно. Се скандал до скандал, афера до афера…

Што сакам во 2017-та!?

Во „Дедото од Лапонија“ одамна престанав да верувам. А, и како да му верува човек, кога не е оттука, од Македонија. Секоја „дружба“ со него може лошо да се одрази по вас, како демек, соработка со странски служби.

Сега верувам во поинакви работи.

Сакам работи што се врвни вредности во секоја демократија

Сакам една желба да ми се исполни…

Ете, се согласувам, дури не мора да е мојата желба… Нека биде тоа што ќе посака Специјалното Јавно обвинителство.

(Авторот е новинар)

Tags: „Фамилијата“2016демократијаиселувањеомразаповик на линчСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ