• Latest
МНР на Украина (Wikimedia Commons)

МНР на Украина: Благодарност кон САД, Канада, ЕУ и другите меѓународни партнери за новите економски санкции кон Русија, но овие мерки се недоволни

February 25, 2022
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

МНР на Украина: Благодарност кон САД, Канада, ЕУ и другите меѓународни партнери за новите економски санкции кон Русија, но овие мерки се недоволни

February 25, 2022 21:45
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА
МНР на Украина (Wikimedia Commons)

МНР на Украина (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со голема офанзивна операција на територијата на Украина за уништување на украинската држава, соборување на украинската влада и воспоставување окупациска контрола, стои во соопштението Министерството за надворешни работи на Украина за тековната вооружена агресија на Руската Федерација против Украина.

Русија ја напаѓа Украина од страна на руска територија, Црното и Азовското Море, привремено окупираниот Крим и Донбас и Белорусија, користејќи борбени авиони, балистички ракети, артилерија, тенкови, оклопни возила, копнени трупи и други сили и средства. Руските единици изведуваат ракетни и бомбашки напади врз цивилната инфраструктура во Кијив, Харков, Одеса, Чернигив, Ивано-Франковск, Лавов и други украински градови. Кремљ започна голема воена операција за заземање на главниот град на Украина.

Во централна Европа гинат и претрпуваат повреди цивили, вклучително и деца, пишува понатаму во соопштението.

Русија грубо ги крши правилата за војна и другите норми на меѓународното право во Украина. Во врска со бројните воени злосторства и прекршувањата на Римскиот статут од страна на Русија, Министерството за надворешни работи на Украина заедно со Канцеларијата на Јавниот обвинител на Украина собираат материјали за нивно предавање до Меѓународниот кривичен суд за да го изведат руското раководство на најстрога одговорност, укажа украинското МНР.

Руските окупатори ја зазедоа нуклеарната централа Чернобил. Тие не дозволуваат ротација на вработените во нуклеарната централа, како што налагаат меѓународните безбедносни прописи. Забележано е надминување на контролните нивоа на радијација поради повреда на горниот слој на почвата поради движење на голем број руска воена техника и испуштање на контаминирана радиоактивна прашина во воздухот. Украинската страна веќе ја предупреди МААЕ дека дејствијата на Русија може да доведат до голема еколошка катастрофа во Европа.

Украинската армија и сите други сили за национална одбрана даваат достоен отпор на рускиот напад, непријателските сили трпат загуби, а ние ги држиме стратешките позиции.

Од украинското МНР им се заблагодаруваат на меѓународната заедница за воведените санкции, но велат дека тие се недоволни.

Украина им е благодарна на САД, Канада, ЕУ и другите меѓународни партнери за воведувањето на нови економски санкции кон Русија. Истовремено, овие мерки во моментов се недоволни за да се запре руската војна против Украина.

Повикуваме некои европски земји да не се водат од тесни политички интереси кога станува збор за заштита на безбедноста не само на украинските граѓани, туку и на безбедноста на сите граѓани на Европа. Во прашање е понатамошната иднина на меѓународната безбедносна архитектура и глобалниот светски поредок, заснован на почитување на Повелбата на ООН и основните норми на меѓународното право. Русија мора веднаш да се исклучи од системот за плаќање SWIFT. Треба да дејствуваме сега и без одлагање, апелира украинското МНР, и побара да се обезбеди дополнително оружје за украинската војска, како и дека им е потребна финансиска и хуманитарна помош.

Украина исто така се обрати до своите партнери да и обезбедат дополнително оружје за зајакнување на одбранбените капацитети на нашата земја.

Ние исто така активно привлекуваме финансиска и хуманитарна поддршка за Украина и украинските граѓани.

Руската Федерација мора да ја прекине својата вооружена агресија против Украина и да започне дијалог за мирно решение. Ова ќе помогне да се сочуваат човечките животи и да се спречи катастрофа каква што Европа не видела од Втората светска војна.“ , порача МНР на Украина.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ