• Latest
Кијив, 24-25 мај 2025 (фото извор: градските власти на Кијив)

МНР на Украина: Руската Федерација нема намера да ја прекине агресивната војна против Украина и теророт врз цивилното население

May 25, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

МНР на Украина: Руската Федерација нема намера да ја прекине агресивната војна против Украина и теророт врз цивилното население

Изјава на Министерството за надворешни работи на Украина во врска со масовните руски ракетни напади врз Украина

May 25, 2025 16:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Кијив, 24-25 мај 2025 (фото извор: градските власти на Кијив)

Кијив, 24-25 мај 2025 (фото извор: градските власти на Кијив)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Украина најостро ги осудува најновите масовни терористички напади врз украинските градови, извршени од страна на Руската Федерација на 24 и 25 мај 2025 година, стои во денешната изјава на Министерството за надворешни работи на Украина.

Министерството потврди дека во текот на овие денови, Русија изврши еден од најголемите комбинирани воздушни напади од почетокот на нејзината агресија. На ноќта меѓу 23 и 24 мај, руските окупациски сили лансираа 264 средства за воздушен напад, вклучувајќи 14 балистички ракети „Искандер-М“ и 250 ударни беспилотни летала од типот „Shahed“. Нападите продолжија и на 25 мај со масовен ракетен напад, вклучувајќи стратегиски бомбардери Ту-160 и Ту-95МС, кои лансираа крстосувачки ракети Х-101, како и ракети „Калибр“ од Црното Море.

Ноќта меѓу 24 и 25 мај, непријателот изврши комбиниран напад со 367 средства за воздушен напад, вклучувајќи 9 балистички ракети „Искандер-М“, 55 крстосувачки ракети од воздух и море, 1 ракета Х-22, 4 управувани авионски ракети Х-59/69 и 298 ударни беспилотни летала од типот „Shahed“

Особено интензивни беа нападите врз Кијив, но ракетни и дронски напади беа извршени и врз областите Днипропетровска, Донецка, Житомирска, Запорижска, Кијивска, Миколаивска, Одеска, Сумска, Тернопилска, Харкивска, Хмелницка и Черниговска. Русија целеше кон станбени квартови, студентски домови, трговски центри, училишта, болници и други објекти без воено значење.

„Како резултат на овие терористички напади, загинаа десетици цивили, а над стотина беа повредени. Овие варварски напади претставуваат директно кршење на меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции, и се воени злосторства и злосторства против човештвото“, изјави МНР на Украина.

Според министерството, ова е доказ дека рускиот агресор нема намера да ја прекине агресијата и теророт врз цивилното население.

„Руските напади повторно покажуваат дека Руската Федерација нема намера да ја прекине агресивната војна против Украина и теророт врз цивилното население. Особено цинично е што нападите се случија во време на активни мировни напори од страна на Украина и нејзините меѓународни партнери. Руската Федерација покажува целосно непочитување кон меѓународните мировни иницијативи и продолжува со теророт наместо со конструктивен дијалог“, се вели во изјавата на министерството.

Понатаму, МНР на Украина нагласи дека Москва разбира само јазикот на силата, економскиот притисок и изолацијата и ја повика меѓународната заедница да преземе решителни дејствија.

„Нагласуваме дека Москва разбира само јазикот на силата, економскиот притисок и изолацијата. Само решителни дејствија од страна на меѓународната заедница, зајакнување на санкцискиот притисок и обезбедување на неопходни одбранбени средства за Украина може да го натераат агресорот да го прекине теророт“, повика МНР на Украина.

Барањата на Украина се конкретни – притисокот врз Русија ќе ја зајакне Украина, но неопходно е обезбедување на дополнителни воздушни системи.

„Ги повикуваме нашите партнери да го зголемат притисокот врз Русија и да ја зајакнат Украина, вклучувајќи обезбедување на дополнителни воздушни системи како Patriot, IRIS-T, NASAMS и други, како и муниција за нив“, изјави украинското МНР.

Исто така, Украина повика на заострување на санкциите против руските капацитети да ја одржува воената агресија, наведувајќи конкретни области каде што тие мерки се неопходни.

„Ги повикуваме на заострување на санкцискиот режим против руските воено-индустриски претпријатија, енергетскиот сектор, сите руски банки и Централната банка на Руската Федерација, како и други области“, повикува Украина.

Исто така, Украина инсистира и на казнување на воено-политичкото раководство на РФ за злосторствата на агресија, воените злосторства и злосторствата против човештвото.

„Инсистираме на неизбежноста на казнување на воено-политичкото раководство на РФ за планирање, организирање и извршување на злосторства на агресија, воени злосторства и злосторства против човештвото на територијата на Украина, и ја повикуваме меѓународната заедница да обезбеди нивно изведување пред правдата“, повикува МНР на Украина Украина.

Според украинското МНР, Русија мора да сноси целосна одговорност затоа што нејзините злосторства ја поткопуваат и глобалната безбедност и стабилност.

„Русија мора да сноси целосна одговорност за своите дејствија, кои не само што претставуваат закана за Украина, туку и ја поткопуваат глобалната безбедност и стабилност. Украина ќе продолжи да ја брани својата територијална целовитост, суверенитет и право на постоење со сите достапни средства, дејствувајќи во рамките на меѓународното право“, заклучува МНР на Украина во својата денешна изјава.

ЦИВИЛ претходно објави дека државата терорист го ескалира ракетниот терор против цивилите со што ја докажува единствено решеноста на Путин да ја продолжи својата злосторничка војна против Украина. Додека Украина продолжува да го брани својот суверенитет, одговорот на меѓународната заедница останува клучен во обликувањето на траекторијата на војната. Исто така, ЦИВИЛ преку повеќе соопштенија повика да се стави крај на рускиот терор, меѓу другото и со соопштението под наслов „Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!“.

Џ. Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ