Во регионот Харков, украинските бранители на еден од баталјоните за територијална одбрана ја потиснаа руската војска и стигнаа до дел од државната граница меѓу Украина и Русија, пренесува Укринформ.
„227-от баталјон на 127-та бригада на силите за територијална одбрана на вооружените сили на Украина од градот Харков ги потисна Русите и стигна до дел од државната граница“, објави Министерството за одбрана на Украина на Фејсбук.
Како што е соопштено, украинските бранители продолжуваат со успешна контраофанзива северно од Харков кон границата со Русија.
Подготви: Д.Мишев