• Latest

Мобилизација со закани за денешниот контра-протест во Скопје

April 21, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Мобилизација со закани за денешниот контра-протест во Скопје

April 21, 2016 12:17
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Најавен како најголем народен собир, контра-протестот кој за денеска е закажан во Скопје, ги крена на нозе сите штабови на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија кои подолго време водат агресивна мобилизација на своето членство за задолжително присуство во Скопје.

Според информациите и извештаите од теренот, кои пристигнуваат во ЦИВИЛ од Битола, вработените добиваат слободни денови и мораат да испратат порака со име и презиме како потврда дека ќе се присуствуваат на контра-протестот. Присуството, секако, е задолжително.

13020041_10206112033988469_1387118396_n

 

Начинот на кој се врши мобилизација на партиското членство, според информациите од долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, во Охрид предизвикува револт кај дел од партиските активисти кои мораат  денеска да дојдат во Скопје.

2016-04-20 23.28.28

Активна мобилизација се врши и во Крушево. “Според информациите што ги добив од локално полициско службено лице, она што се бара од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ е да соберат околу 500 луѓе. Истиот извор ме известува дека вработените во полиција и образование, припадници или вработени од владејачката партија, се мета на закана дека, доколку не присуствуваат на најавениот контра-протест, нивните договори за работа нема да бидат продолжени”, стои во информацијата која пристигна во ЦИВИЛ од Крушево.

“Директорот на болницата во Гевгелија, Сретко Јованов продолжува со своите партиски задолженија. Во 14:30 ги свикал на разговор волонтерите, оние вработени со договор на дело, но и оние кои добиле решенија ‘благодарение на партијата’, да ги извести да се подготват за контра-протестот денес. Разговорот и насоките се одвивале за време на работното време во една од просториите на болницата додека пациентите надвор чекале. За присуството немало дискусија, се подразбирало дека е ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Тргнувањето е денес околу 16 часот со автобуси од пред Спортската сала во Гевгелија”, стои во извештајот од терен, кој пристигна од набљудувачот на ЦИВИЛ. Информациите се добиени од вработена, присутна на разговорот, која сака да остане анонимна.

Tags: заканиконтра протестМакедонијаПартиски АктивистиПритисокЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ