„Спортистите кои учествуват на годинашниве Зимски олимписки игри за првпат се соочуваат со закани и казни доколку излезат од рамките на спортските натпревари или ако за време на траењето на Олимпијадата, додека се во Кина зборуваат за човековите права. И претставниците на организацијата за заштита на човековите права, Хјуман рајтс воч, на брифингот пред почетокот на игрите ги предупредија натпреварувачите од опасноста која им се заканува, доколку зборуваат за состојбата со човековите права во оваа земја или имаат „забелешки“ на сметка на атмосферата. Затоа им е препорачано да молчат, бидејќи во спротивно нема кој да ги заштити во оваа „Орвеловска држава каде што сите се под надзор“.“, извадок од анализата „Меѓу спортот и политиката: Дали зимската олимпијада во Пекинг е спортски или политички натпревар“, од Александар Николиќ Писарев, објавена на 6 февруари 2022.