пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Продолжува молчењето пред мразачите и насилниците. Молчи обвинителството. Молчат институциите. Молчи јавноста. Молчат стручњаците, молчат еснафите, молчат пријателите.
Општ молк. И страв – од мразачите.
Колку и да се надевате, молкот пред насилниците и мразачите нема да ве спаси.
Кога ќе се справат со сегашните неистомисленици, ќе бараат нови жртви. Тие нелуѓе што се хранат од омраза, ќе си ја бараат нивната храна. Нема да се остават себе гладни.
Секој што молчи пред омразата денес, нека не се чуди кога ќе му тропнат на врата утре.
Како што напишал често цитираниот германски бискуп, немојте да се чудите што ќе нема кој да ве брани. Оти, тие што би можеле да ве бранат, веќе ги изела омразата, додека вие сте молчеле, мислејќи дека нема да дојде до вас.
Кога ќе ви текне, ќе биде предоцна, за вас, за вашето семејство, за целото општество.
Да остане запишано, да не биде дека не било кажано, илјадници пати до сега.
Доста беше молк!