Петтиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch” ќе се презентира на 22 февруари, четврток, во хотел Холидеј Ин со почеток во 11:30 часот.
На настанот ќе говорат, Дејан Георгиевски, Извршен директор на Центар за развој на медиуми, доц. д-р Даниела Мамучевска, УКИМ – Економски Факултет – Скопје, Горан Лазаров, Проектен координатор од ЕВРОТИНК, Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Модератор на настанот ќе биде ќе биде Христена Јованчева, односи со јавност од ЕВРОТИНК.
Натанот е во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
МЛ