• Latest

Мора постојано да се работи на демократијата !

February 16, 2017
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Мора постојано да се работи на демократијата !

February 16, 2017 17:09
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Република Македонија има најразвиен формален  концепт за прифаќање на малцинствата, поради своето минато, како дел од југословенската национална рамка. Од друга страна, пак, тензијата којашто се гледа меѓу Албанците и Македонците, ни кажува дека формално признавање е само појдовна точка, а дека на односот му треба постојано внимание“, вели во ексклузивното интервју за ЦИВИЛ Медиа, д-р Вемунд Орбаке, редовен професор на Факултетот за политички науки на Универзитетот „Аристотел’ во Солун и експерт за балкански студии и меѓународни односи

ЦИВИЛ Медиа: Република Македонија е во политичка криза веќе неколку години, почнувајќи од студентските протести и скандалот со прислушувањето и аболицијата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, преку Шарената револуција, договорите од Пржино и предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со доминантен националистички дискурс, до предвремените парламентарни избори на 11-ти декември и постизборието. Професоре Орбаке, кое би било најсоодветното  решение на македонската политичка ситуација, доколку се земат предвид сите настаникоишто ја одбележаа кризата: политичка, експертска, широко-коалициона Влада или нови избори?

ОРБАКЕ: Тоа навистина зависи од македонскиот народ и од политичарите кои треба да работат на солуција од сегашниот ќор-сокак. Во овој контекст, од најголемо значење е да се постигне консензус на правилата на игра и да се почитуваат демократските принципи. Ако нема широко прифатена процедура за формирање Влада, може да се влезе во период со пролонигирана поларизација што ќе го повреди целото општество.

Како и да е, мене ми изгледа сосем природно – кога ВМРО-ДПМНЕ не успеала да формира нова Влада, дека мандатот треба да се додели на следната најголема партија. Ако таа не успее да формира Влада, тогаш треба да оди кај третата, итн… Ако ниедна партија не е способна да формира Влада, следниот чекор се нови избори. Сакам да потенцирам дека не станува збор само за процедурално прашање, но и за политичка култура. На пример, во мојата родна Норвешка, не е возможно да се повикаат предвремени избори. Избори има на секои четири години и Влада мора да се формира од постоечкиот парламент. Тоа значи дека може да има и малцински влади што се зависни од согласноста на една или повеќе опозициони партии во парламентот. Ако Владата не може да добие мнозинство за еден од своите предлог-закони,  може да поднесе оставка и со тоа да ги принуди другите партии за формирање на нова влада. Во Грција, од друга страна, се покажа дека е невозможно да се формира малцинска влада. Тоа е причината, поради која што имаше три избори во помалку од една година, во периодот 1989-1990 година.

ЦИВИЛ Медиа: Македонското општество и македонската политичка сцена се изложени на етничка поларизација од релевантни политички актери. Платформата на албанските политички партии е документ што беше донесен по сериозни консултации и средби на албанските лидери од Македонија со премиерот на Република Албанија, Еди Рама и претседателот на Косово, Хашим Тачи. Дали политичките средби од овој тип се во духот на граѓанскиот концепт или им се отвара нова врата на соседните земји да се мешаат во македонската внатрешна политика?

ОРБАКЕ: Најпрвин, треба да се запрашаме зошто постои толку силен етнички расцеп во македонскиот политички систем. Дел од проблемот е во тоа што навистина нема традиција за граѓански концепт на државјанство во Јужниот Балкан. Општо земено, во Република Македонија, Албанците и Македонците имаат различен јазик, религија, а можеби и позначајно различна структура на заедници што датираат од Отоманскиот период. Од историска гледна точка, тоа нѐ потсетува на структурата на заедницата во Кипар. Таму, фокусот е ставен  на тесните интереси на секоја заедница, без соодветна грижа за целокупниот интерес на населението како целина, што доведе до сегашниот ќор-сокак и многумина изразија жалење за многу пропуштени можности за решавање на проблемите преку нормалниот политички процес.

Природно е албанските партии да имаат барања коишто ги рефлектираат интересите на своите гласачи. Јас не мислам дека, сепак, постои толку голема потреба да се потенцираат идентитетските прашања. Прашањето на албанскиот етнички идентитет е во многу начини најмалку интересно прашање, бидејќи посебниот и различен идентитет на Албанците од етничките Македонци е даден. Со други зборови, Албанците во Република Македонија никогаш нема да станат целосно асимилирани од македонската етничка група.

И покрај тоа што е важно да се почитуваат нивните разлики, Република Македонија треба да ги направи Албанците составен дел на граѓанската нација. За таа цел, важно е за Албанците да се стремат да се асимилираат во културно-политичката средина во нивната држава, за да станат успешни македонски Албанци, кои целосно учествуваат во државата во којашто живеат.

ЦИВИЛ Медиа: Во меѓународните односи, „Теоријата на игра“ е многу атрактивна. Како би го опишале односот меѓу македонското малцинство во Албанија и во Грција и албанското малцинство во Македонија, користејќи ги термините нулта сума игра (zero-sum game) или не-нулта сума игра (non zero-sum game)?

ОРБАКЕ: Јас треба да најавам од самиот почеток дека не сум обожавател на „Теоријата на игра“, ниту пак верувам во zero sum games во случајот на права на малцинствата. Повеќе станува збор за донесување на одлуки коишто го  почитуваат поединецот, но се исто така, за најдоброто за општеството – како целина. Ситуациите на малцинствата  споменати овде се фундаментално различни. Ова најмалку се должи на различни концепти кои се користат од државите. Република Македонија има најразвиен формален  концепт за прифаќање на малцинствата, поради своето минато, како дел од југословенската национална рамка. Од друга страна, пак, тензијата којашто се гледа меѓу Албанците и Македонците ни кажува дека формално признавање е само појдовна точка, а дека на односот му треба постојано внимание.

Грција традиционално има многу рестриктивна политика кон признавање на малцинствата. Таа, генерално, има признаени малцинства, само кога беше принудена да го стори тоа со меѓународни договори. Одличен пример за тоа е муслиманското малцинство во грчка Тракија. Прашањето на популацијата од словенското говорно подрачје во пошироката област на регионот/географска Македонија (т.е. вклучувајќи ја грчка и бугарска Македонија) е особено комплексно, бидејќи тоа е барано според различни критериуми од националниот проект на секоја група. Бугарија ја смета оваа популација како Бугари, додека Грција користи различни еуфемизми, како што се Славофони Грци, локалното население, итн… Историски гледано, Грција имаше тендеција да тврди дека целото христијанско население што го признава духовниот авторитет на Цариградската патријаршија во Константинопол/Истанбул е  грчко,  независно од говорниот јазик. Кога грчките граѓани, како што се членовите на „Виножито”, започнаа да го промовираат својот македонски етнички идентитет во почетокот на 1990-тите, тие беа имплицитно предизвикани  од грчките догми, поврзани со идентитетот на оваа популација. Недостатокот на отвореност во грчкиот јавен простор, веројатно е причина справувањето со ова прашање, да биде потешко, отколку што треба да биде. Денес, луѓето кои зборуваат словенски јазик во северна Грција, се во голема мера асимилирани. Оние кои јас ги познавам, имаат поголемо познавање на грчки јазик, додека македонскиот јазик го користат главно како јазик во локалната средина. Тоа е секако добро за нивната кариера, тие да имаат познавање на грчки јазик на исто ниво со мнозинското население, но мислам дека би било подобро за општеството како целина, да ги признае нивните разлики и да се гледа на етничкиот диверзитет како збогатување на земјата.

ЦИВИЛ Медиа: Како експерт за балкански студии и професор кој предава за малцинства на Балканот, како го оценувате односот меѓу централната власт во Македонија со албанското малцинство, а потоа, и со другите малцинства? Според вас, каде треба да се фокусира енергијата, со цел да се создаде граѓанска припадност, наместо етничка?

ОРБАКЕ: Со цел да се создаде чувство на граѓанска припадност, важно е за малцинството да се чувствува дека има удел во македонската држава. Со други зборови, малцинствата мора да се волни и способни да се натпреваруваат за јавни работи на исто ниво со мнозинското население. Клучот за ова, вообичаено е образованието и бара, меѓу другото, и одлично познавање на јазикот на мнозинството. Со други зборови, како албански Македонци, тие мора да се фокусираат не само на нивните разлики, но исто така, и на нивните заеднички интереси со мнозинското население.

Истовремено, мора да постои подготвеност да им се даде на албанските Македонци, фер удел во македонската држава. Имам директно искуство повеќе со муслиманското малцинство во грчка Тракија. Таму фокусот на идентитетот на малцинствата и недостатокот на доверба во грчката држава, доведоа многумина да направат образовни избори, коишто ги подготвуваат повеќе за турското, отколку за грчкото општество. И, како резултат на тоа, исто така, да завршат во Турција, кога ќе почнат со нивниот професионален живот. Во последниве години, малцинството подобро се интегрира во грчкиот образовен систем, кој во една подолга перспектива, укажува повеќе на чувство на граѓанска припадност, но претстои уште многу работа.

ЦИВИЛ Медиа: Како би ги карактеризирале дипломатските односи на Република Македонија со соседните земји? Според вас, како би влијаела политиката на изолационизам на Трамп врз Балканот? Дали е тоа можеби отскочна штица за поголемо руско влијание и како тоа ќе влијае врз авторитарните лидери и режими во овој регион?

ОРБАКЕ: Мислам дека администрацијата на Трамп е од второстепено значење. Тажната работа е дека Република Македонија и нејзините соседи не се во можност да ги решат своите  проблемите сами. Јас ги следам политичките случувања,откако за прв пат ја посетив земјата во 1989 година, и имам впечаток дека и Бугарија и Грција сакаат да имаат добри односи со Република Македонија, но конфликтните концепти на нивните национални парадигми направија да биде тешко да се најде формула – прифатлива за сите вклучени страни. Во случајот со Грција, евидентно е дека позициите се замрзнати, од првите обиди за изнаоѓање на решение за „прашањето за името”, кои пропаднаа во раните 1990-ти.

Од друга страна, трговските односи се добри и постојат многу контакти меѓу двете земји, и покрај камењата на сопнување. Лично, јас не мислам дека  треба да биде проблем за Грција да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име, ниту пак мислам дека треба да биде проблем за Република Македонија да се реши за еден од предлозите за додавање на географска одредница за името, како што е „Северна Македонија”. Формалното признавање ќе реши многу практични проблеми. Во практиката, сепак, ниту една страна не е во состојба да оди подалеку од својата почетна позиција.

ЦИВИЛ Медиа: Доаѓајќи од земја којашто е толку развиена и функционира толку добро како Норвешка, може ли да споделите со нас „рецепти“ – како да се изгради одржлива инфраструктура за правилно практикување на демократијата?

ОРБАКЕ: Со падот на постоечкиот социјализам во 1989-1990, имаше многу дискусии за тоа како поранешните социјалистички држави да се адаптираат на либералната демократија. Фокусот пред сé беше ставен на градењето на институциите. Секако дека е значајно да се има цврста формална инфраструктура, но, на многу начини, тоа е само половина од приказната. Во мојата родна Норвешка, мислам дека сегашниот политички систем многу им должи на општоприфатените практики и политичката култура изградена со текот на времето.

Во овој поглед, периодот непосредно пред и по Втората светска војна, е од клучно значење. Појавата на скандинавскиот модел на социјалната демократија, значи дека имаше радикална прераспределба на моќта во општеството, но со еволуција, а не со револуција! Тоа беше, исто така, инклузивна форма на демократија, иако, како и секој систем, ја имаше својата проблематична страна. Во целина, тоа покажува дека на демократијата мора да се работи постојано, а ние треба да дејствуваме соодветно.

Климентина Ѓорѓиоска

Tags: владаграѓанска припадностГрцијаконфликтни концепти на националните парадигмикризаМакедонијаНорвешкапрашање за иметоскандинавски модел
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ