• Latest

Морачанин: Не смее да менуваме зелени стратегии на секои три години во зависност која политичка гарнитура е на власт

October 9, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Морачанин: Не смее да менуваме зелени стратегии на секои три години во зависност која политичка гарнитура е на власт

October 9, 2023 14:00
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Слабиот административен капацитет на институциите и недостатокот на финансиски ресурси се двата фактори што влијаат на имплементирање на проектите поврзани со зелените прашања, нешто што и извештаите на ЕУ ги нотираат, смета Маја Морачанин, пратеничка во Собранието и претседателка на ДОМ, зборувајќи за колку е реална зелената агенда во нашата држава.

На панелот на Зелен ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, Морачанин истакна дека сме добар пример во искористувањето на обновливата енергија, и жал, тоа забрзување дојде со руската агресија врз Украина и енергетската криза што го забрза целиот процес.

„Кога енергијата стана прашање и на безбедност, поинаку почна да се третира целиот процес. Се сеќавам дека со години претходно сме зборувале дека треба повеќе да се вложува во обновливи извори на енергија се доживуваше како неважна тема. Сега веќе се забрза работата од други причини, но тоа секако е добро не само а заштита на животната средина, туку и заради енергетската независност на нашата земја. Кога, пак, зборуваме за финансиски средства, има фондови од ЕУ, ама не се доволни. Но, и ние многу малку одвојуваме од централниот буџет, а од локалните уште помалку за проекти за животната средина“, истакна Морачанин.

Не е доволно да се каже дека ние се залагаме, без да ги ставиме зелените прашања повисоко на агендата, смета Морачанин, додавајќи дека за сѐ се потребни финансиски средства, но и посветеност кон зелената агенда.

„Третманот на води и отпад, ни е исто така, суштествено. Мене исклучително ми е криво, кога имаме на располагање европски фондови, а ние не успеваме да ги искористиме. Две децении зборуваме дека треба да се направат регионални стандардни санитарни депонии и дека тоа е решението да имате еден систем за управување со отпад. Во Светиниколско е таа една регионална што требаше да се изгради. 15 години слушаме како сега ќе се направи, како се усогласуваат државата и локалната самоуправа. Првин беше проблемот општините не можат да се договорат, па потоа локалното население имаше отпор зошто да се прави тука исплашени дека ќе има загадување, што не е точно. Сега имаат повеќе загадување. На повеќе нивоа е проблемите, не се само средствата. Имаме слабост на капацитетот на општините во овој случај и нема координација. Ние многу тешко меѓусебно како институции соработуваме и се координираме“, вели Морачанин.

Таа истакна дека во конкретниот случај има и политиканство што го забавува целиот процес, поради желбата на политичките партии заради дневно политички цели и рејтинг со што одат на штета на вакви стратешки планови за заштита на животната средина.

„Ако сме донеле некоја стратегија, ние мора да имаме еден општествен договор дека сите без разлика кој е моментално на власт ќе се движат во таа рамка, во тој правец. Ние не може да ја менуваме стратегијата. Да, зеленото сценарио е во тек, но не е исклучено дека ако некоја друга гарнитура дојде, која нема идеја за зелените агенди, дека може да отстапи од тоа. Тоа не смее да ни се случува. Ние не може веќе експерименти да правиме и не може да ги менуваме стратегиите на секои три години. Зависно како на некој политичка гарнитура и одговара“, вели Морачанин.

Морачанин додаде дека екологијата и социјалниот аспект мора да одат заедно, затоа што во суштина мерките за заштита на животната средина и клима се социјални мерки.

„Кога на сите ќе ни стане јасно дека заштитувајќи ја животната средина го штитиме и здравјето на сите нас, но и социјалната благосостојба на сите, особено на најранливите граѓани, тогаш мислам дека повеќе ќе бидат мотивирани сите да се вклучат на овој пат“, заклучи Морачанин.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“  што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Биљана Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

Tags: зелена агендаМаја Морачанинстратегии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ