• Latest
Војо Маневски

Мостопитност

June 28, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мостопитност

June 28, 2021 10:05
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Отсекогаш сум имал дилема кога ќе застанам на некој мост. Дали тој ги поврзува бреговите или ја прекинува природната разделеност на различните страни на копното? Мостовите будат различни размисли кога се застане на нив. Природно е да  се гледа во реката, кон изворот или кон вливот. Она што во моментот го гледате е сегашноста, водата која надоаѓа кон мостот е иднината а онаа што го одминува е веќе минатото. Бреговите се само статисти што го проследуваат текот на водата и времето.

Еден мој пријател вели дека само кога си на мостот ја чувствуваш реката, зошто кога си на брегот таа е само водотек кој ги разделува бреговите. Затоа, кога си на средина од мостот сите мисли ти се „мостопитни“, во секоја од нив бараш подлабока содржина и причина за спојување и делби.

Користејќи го талентот на мојот пријател за именување на состојби со прикладни термини ќе се обидам да поставам неколку дилеми пред кои се наоѓа мојата скромна околина стисната од безмилосните пропаганди во пресрет на локалните избори.

Мостопитно ли е што треба да избереме на есен? Треба да избереме наши претставници во органите на локалната власт што треба да се грижат за нашите интереси. Тие наши интереси се опишани во законот за локална самоуправа. Дваесет члена од законот ја одредуваат ингеренцијата на градоначалникот. Нешто повеќе делови од законот му даваат моќ на Советот на Општината. Законодавецот се погрижил да направи некаква рамнотежа на власта меѓу градоначалникот и Советот на општината. Одлуките на Градоначалникот мора да поминат на одобрување на Советот. Но ако партиското гледање на работите надвладее над поделената одговорност пред граѓаните, тогаш Градоначалникот станува локален моќник кој одлучува за најголемиот број на прашања. Мостопитна ли е улогата на Советот?

Нема оброк што не треба да се плати е капиталистичкото поимање на светот. Така и локалната самоуправа работи само со парите на граѓаните.

Петнаесет години е важноста на овој закон за локална самоуправа а граѓаните се уште сметаат дека градоначалникот е „татко“ на градот. Да развива економија , да отвора работни места , да се грижи за чистотата и уреденоста на градот, културата да ја подржува. Законот не му дава големи ингеренции за да се потврди она што го очекуваат граѓаните а уште помалку финансиите што му се доверени.

Буџетот има два дела. Едниот е блок дотациите од централната власт а другиот сопствениот буџет, Кон блок дотациите односот е како проточен бојлер кон водата. Ставките и износите ги одредува надлежното министерство а локалната власт се грижи за реализација на средствата. Значи ја менува само температурата на водата. Домаќинското работење се сведува на ребаланс меѓу ставките според приоритетите што ги одреди градоначалникот а ги аминува Советот. Се разбира сликањето со надлежниот министер, кога се реализира некој проект е во служба на перманентната кампања со која не преокупираат партиите.

Сопствениот буџет на локалната власт се полни од процент од ДДВ, од процент од персоналниот данок и комуналните такси за сопственост на недвижности и изградба на нови. Нема општина во РСМ која е задоволна од процентот кој и припаѓа. Ако се земе како факт движењето на буџетот на тромесечно ниво, лесно ќе се утврди дека локалните власти најчесто се на работ од ликвидноста и тоа под услов да не дојде до акумулација на ратите за долговите. Во тој случај ретко која општина ќе биде со позитивен биланс. Од друга страна, трошоците за вработените во локалната самоуправа за 10 години се зголемени за 83 % . Пресметајте дали за десет години имаме  општествен раст со ист процент. А во Советот се дига раце во согласност со партискиот став. Краткорочни планови, среднорочни интереси или долгорочни одлуки ,се тоа е само со значење на траењето мандатот и потребите на следниот круг избори.

Сосема е чиста работата. Листата на пратеници ја одредува партијата, граѓаните  гласаат за листата на која индивидуалноста и не е многу битна, важна е послушноста. Ако партијата е на власт мора да се подржи градоначалникот, ако партијата е во опозиција што и да е предложено од власта со одобрува до ниво на воздржаност во гласањето. Едноставен процес на застапување на интересите на граѓаните. Што велите почитувани читатели, што е овде мостопитно? Советот или советниците?

Мостопитно ли е, кој е кандидат за градоначалник?

Оној што може да ја добие довербата на поголемиот дел од граѓаните. Теоријата вели —-тој што ќе има најдобра програма,  ќе успее да ги убеди граѓаните дека таа програма ќе ја оствари за време на мандатот.

Убаво напишано ама мостопитно во остварувањето. Траба ли кандидатот да има стручна подготовка за вршење на ваква одговорна задача? Што треба да е според стручната подготовка? Да знае со финансии, да знае со градежништво, образование, со менаџирање на комунални дејности, да има истенчен вкус за културните збиднувања!

Според партиската логика важно е да има симпатии кај граѓаните а за другото после ќе се мисли. Граѓаните прво во фокусот го имаат својот личен интерес, без разлика дали е во рамките на партија или на некој роднокрајни или пријателски основи. Важно е да можеш утре да зачукаш на неговата врата, да ти реши некој проблем а најважно е другите да знаат дека си близок до градоначалникот. Јасен критериум за определување за кој ќе трчаш и гласаш на изборите. Чисто претприемаштво , вложуваш во кандидатот за да реализираш корист. Се разбира ова не го признаваш никогаш во јавност. За таква пригода се зборовите —-развој на градот, општ интерес и слични оправдувања за личните цели и интереси.

Од каде треба да е кандидатот за градоначалник?

Законот го одредил условот за кандидатите. Најмалку една година да е жител на градот што се докажува со важечка лична карта. Ај едно мостопитно прашање! Како да му веруваат граѓаните на некој што не бил дел од градот со децении , не ги познава доволно граѓаните на кој треба да им биде градоначалник. Можеби нема да боде подложен на разни „блискости“ , но ќе се појават низа претенденти на неговото внимание , поради начинот на кој ја сфаќаме улогата на градоначалникот без разлика од каде е и кој е.

Како да му веруваш на некој што не бил со тебе на корзо, во кафулиња или грлото го дерел на некоја утакмица? Не  носел деца со тебе во градинка или пцуел по комуналното претпријатие кога нема вода или контејнерите не се празнат со недели?

Што треба да е по струка?

Што и да е по образование треба да знае да го организира функционирањето на локалната власт и јавните претпријатија.

Ако е врвен во својата струка, зошто сака да биде градоначалник ?

Да биде  успешен  на двете места е тешка работа. Посебно што јавниот интерес е секогаш подложен на разни спротивставени интереси и критиките се постојани.

Ако е успешен во својата примарна струка кој ќе ја надополни таа дупка што ќе остане со неговото преминување на местото градоначалник?

Малите народи немаат голем базен на способни личности, кои во секој момент можат да бидат заменети. Нешто мора да претрпи загуба. Или струката или јавниот сектор. Коегзистенцијата на двете активности е само одење по раб на сопствената суета, паѓањето е извесно и тоа од двете страни. Мостопитни прашања се пред кандидатите и пред граѓаните.

Кој треба да е Советник во Советот на општината? Законот и овде е јасен како и кај кандидатите за градоначалник. Да има деловна способност, да е жител на РСМ и да има лична карта на локалната самоуправа каде сака да биде советник. Другото е за партијата која го кандидира или граѓанската листа на која се наоѓа неговото име. Какви стручни познавања треба да поседува кандидатот?

Советот има комисии што се помошни тела за работа . Сите тие се  за некоја област од ингеренциите на Советот на општината. Што ќе се рече за секој има место да ја покаже својата стручност и знаење. Ако е дел од власта советникот има зададена рамка на дејствување и таа е одредена од градоначалникот и партијата. Ако е од опозицијата, сите свои стручни знаења ќе мора да ги смести во дискусиите на комисиите и седниците на Советот. Ако има присутни медиуми можно е афирмирање на неговата стручност а ако таква можност нема, сето знаење ќе мора да го смести во две минути на пресовите што опозицијата ги организира. Каде и да е, се наоѓа во тесна кожа неговата стручност.

Треба ли да е позната личност за граѓаните ? Локалната јавност е длабинска, бидејќи кандидатите се познаваат и долго време и во сите сегменти на нивното делување . Се знаат семејства, афинитети, етикети и пофалници.

Но сепак личните квалитети се одредени со местото на кое кандидатот се наоѓа на кандидатската листа за советници. Критериумот  мостопитен, ама „партиски “мостопитен. Дилемите ги разрешува некој од партиските шефови на локално или централно ниво. Ако се гласа на отворени листи, тогаш се дава моќ на избраните советници. Досегашното искуство вели дека таквата моќ партиите тешко ја прифаќаат..

Прашањата сами раѓаат прашања. Сета оваа мостопитна состојба ја изнесувам пред мојот пријател застанати на новоселскиот мост и очекувам одговори,

—А да те прашам јас тебе мудрецу едно прашање? Кога отидеш на пазар да купиш убави домати за салата , а на цел пазар нема такви домати. Купуваш ли скапани или презреани ? Ме става во, мостопитна состојба мојот пријател.

—Ме прашуваш многу мостопитни прашања а имам еден предлог. Земи јадицата и да се симнеме до реката , рибите таму се ловат , не одовде од мостот. Ако не знаеш да ловиш риба стој си овде на мостот и поставувај мостопитни прашања.

Ја завршува мостопитната дилема мојот пријател а јас мостопитно се заминувам од мостот кој и постои заради мостопитност.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ