ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „Можеме ли заедно?“ на кој панелистите зборуваа за тоа кои се придобивките кога различните заедници работат и живеат заедно.
На настанот учествуваа активистката Лиса Баута Шаќири, актерката Владанка Димковска и Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот. Настанот го модерираше Дијана Тахири, ЦИВИЛ.
Учесниците споделија ставови, искуства и сознанија за тоа дали и како мултикултурализмот и почитувањето на различностите се рефлектираат во работните и животните опкружувања.