ВЕСТ НА ДЕНОТ
Бугарската амбасада во Скопје нема сознанија за најавите на конгресменката Тени за можни санкции за Бугарија поради ветото за Македонија
Во врска со изјавата на Конгресменката Клаудија Тени, дадена во интервју за „Гласот на Америка“, во која вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија оти не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија, Цивил Медиа се обрати за коментар до Бугарската амбасада во Скопје.
Од Амбасадата изјавија дека сè уште го немаат видено интервјуто и не се запознаени со изјавата на конгресменката, по што не упатија за коментар да се обратиме преку официјалниот меил на амбасадата, што Цивил Медиа и го стори.
Во одговорот што го добивме од амбасадата по меил, не упатија за понатамошни информации да го контактираме прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион“, рече Конгресменката Клаудија Тени во интервју за Гласот на Америка.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е шокиран од руските ракетни напади што го погодија Киев за време на неговата посета на градот, изјави новинарот на Би-Би-Си, Бен Браун, пренесува Укринформ.
Неодамнешните ракетни напади на Русија врз украинските градови докажаа дека војната не е завршена, како и го покажаа вистинскиот став на Русија кон глобалните институции, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, вчерашниот руски ракетен напад врз украинскиот главен град за време на посетите на генералниот секретар на ОН Гутереш и бугарскиот премиер Петков го смета за бесрамно непочитување на меѓународното право, пренесува Укринформ.
Од почетокот на руската војна во Украина над 380.000 лица од Украина пребегаа во Германија. Дел од нив најдоа засолниште и кај семејства со руско потекло.
Вира Хирих, новинарка во Радио Слободна Европа/Радио Слобода, загина како резултат на рускиот ракетен напад врз Киев на 28 април, наведува украинскиот Институтот за масовни информации, пренесува Укринформ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИЗБОРИ ДУИ, како учесник во оваа коалиција, информира Груби, смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори.
ОТЧЕТ Приоритетите се транзиција кон зелена енергија и стабилно и трајно снабдување со енергенси, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
ПОДДРШКА Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите уште еднаш ја потврди општата определба на државата да ја поддржи Украина и украинскиот народ, при што напомена дека физичкото присуство во оваа држава значи и лична, но и институционална поддршка на напорите на ункраинските институции да го врати мирот и контролата врз целата своја територија.
ИНТЕГРАЦИИ Северна Македонија е подготвена, потребен е брз почеток на пристапните преговори, е кажано на средбата меѓу Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово и Јоанеке Балфорт, директорка за безбедносна и одбранбена политика на Европската служба за надворешно дејствување, која е во посета на Северна Македонија.
МУЛТИ-КУЛТИ БРИФ #8
Oсмо издание на неделниот магазин „Мулти култи бриф“ во кое накратко бea презентирани активностите на Цивил во Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
ЗАД ДИМНАТА ЗАВЕСА
Зоран Бојаровски владин советник за медиумски реформи на панелот на ЦИВИЛ Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.
Филип Стојановски – Метаморфозис на панелот на ЦИВИЛ „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.
Весна Попоска од Универзитетот „Визион“ – Гостивар на панелот на ЦИВИЛ „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.