• Latest

Можно поскапување на струјата за четири проценти, премиерот оптимист дека 2023 ќе биде економски подобра година, кинеското влијание на Западен Балкан

December 26, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Можно поскапување на струјата за четири проценти, премиерот оптимист дека 2023 ќе биде економски подобра година, кинеското влијание на Западен Балкан

December 26, 2022 17:00
in ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Бислимоски: Ако се прифатат барањата на ЕВН, МЕПСО и на „Електродистрибуција“, струјата ќе поскапи

Барања за промени на цените од 1 јануари во Регулаторна комисија за енергетика досега поднеле АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електричната енергија и „ЕВН хоум“ за универзално снабдување, а ако РКЕ ги прифати сите нивни барања, цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се зголеми четири проценти или 4,72 % ако се пресмета и враќањето на ДДВ-то од пет на десет отсто.

Во следните неколку дена РКЕ ќе ги разгледа сите барања на компаниите и ќе донесе одлука дали ќе ја покачи цената за овој процент или ќе има помала корекција на цената во однос на периодот од јули до декември 2022.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски оптимист дека 2023-та ќе биде подобра од оваа година

„Јас сум рационален оптимист, што значи дека верувам во целта и работам таа цел да се оствари. Затоа и лично со најголем дел од министрите присуствувам на прес-конференциите, каде ги презентираме деталите од Буџетот од 2023 година, кој има развојна компонентна, но и компонента на стабилност и сигурност за граѓаните дека ќе бидат исплатени сите плати, пензии, социјални давачки и дополнително финансиски средства за антикризни мерки, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Снимката од протестен митинг во Братислава, снимена за време на пандемијата на коронавирус пред две години, е пренесена како нова. Руски пропагандистички канал на Телеграм објави видео од словачките специјални сили како ги растеруваат демонстрантите со водени топови. Демонстрантите, наводно, излегле на улиците во Братислава за да се приклучат на собирот против испораката на оружје за Украина.

Командата на руските окупаторски сили, под силен притисок на украинската армија, се повлече од Кремина во Рубижне, 15 километри јужно од линијата на фронтот, изјави Серхи Хаидаи, началник на регионалната воена управа на Луганск.

„Не се точни информациите дека нашата војска веќе ја ослободила Кремина или барем напредувала до нејзините предградија, но борбите се водат во близина на градот и можам да кажам дека командата на одреден ешалон што беше стациониран во Кремина сега е преместена. до Рубижне“, изјави Хајдаи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАКАНИ Утрово на службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата. Освен во Скопје, закани за бомби пристигнале и во училишта во Битола и Тетово

СУД Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е проведен од струшкиот затвор во Кривичен за новото рочиште за предметот „Титаник 2“

ИНИЦИЈАТИВА Денес, група на скопски архитекти и интелектуалци поднесоа до Собранието на Град Скопје и до Градоначалничката Данела Арсовска иницијатива една скопска улица да го добие името на грчкиот архитект Константинос Доксијадис со што трајно би се одбележал неговиот придонес во обновата на разрушеното Скопје во земјотресот во 1963 година.

БЕЗБЕДНОСТ Началникот на армискиот Генералштаб, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска ќе го информира претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски за борбената готовност и за степенот на реализација на плановите и задачите на Армијата во текот на 2022 година

МВР Приведени девет лица во акцијата на ГП „Табановце“, меѓу кои и командир и заменик командир за злоупотреба на службена положба

УСТАВНИ ИЗМЕНИ Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот.

ЦИВИЛ

Новогодишна порака од ЦИВИЛ: Слободниот свет ќе надвладее! 

„Како што изминува една од најтешките години во изминатите децении, НИЕ сме пред уште една година на борба за ДЕМОКРАТИЈА, за СЛОБОДА, за МИР, за ПРАВДА… НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ ДЕЛ ОД ТАА БОРБА! СЛОБОДНИОТ СВЕТ ЌЕ НАДВЛАДЕЕ! Среќни празници од ЦИВИЛ“ – се вели во новогодишната порака на ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„И сосема очекувано, кога се зборува за влијанието на Кина во европското соседство, се мисли на југоисточна Европа, односно уште попрецизно на регионот на Западен Балкан. Во анализата  на Европскиот парламент за влијанието на Кина на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), презентиран во јуни оваа година, се истакнува дека оваа земја инвестирала 32 милијарди евра во регионот во 2009-2021 година. Само во Србија, кинеските инвестиции достигнаа 10,3 милијарди евра. Фокусот на кинексите интереси е на транспортната инфраструктура (преку Пиреја и Белград до Дуизбург), но сега се проширува и на индустријата, енергијата и комуникациите/ИТ“, пишува Зоран Бојаровски во „Мекото влијание на Кина за долгорочно позиционирање во регионот“

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ