Утрово на службените мејлови на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“ испратени се закани за поставени експлозивни направи во објектите на училиштата.
Училиштата веднаш заканите ги пријавиле во МВР и во тек е евакуација на учениците, наставниците и останатите вработени во училиштата, а веројатно и во други училишта во Скопје.
Освен во Скопје, закани за бомби пристигнале и во училишта во Битола и Тетово.