За злоупотреба на службена положба во синоќешната полициска акција на ГП „Табановце“ се приведени командир, заменик командир, раководител на смена, како и шест полицајци, потврди денеска на брифинг со медиумите министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Поради одвивањето на акцијата на граничниот преми имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.