Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е проведен од струшкиот затвор во Кривичен за новото рочиште за предметот „Титаник 2“ закажано за претпладнево во 10 часот . Последното рочиште, закажано на 22 декември, не се одржа, бидејќи Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга. Тој се гони во случајот за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година.
Тоа предизвика лавина од реакции и беше причина за препукување меѓу институциите. Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќула рече дека случајот со неспроведување на Мијалков било поради техничка грешка во датумите на Кривичниот суд. Од таму, пак, одговорија дека „на повратницата од наредбата за спровод бил напишан точниот датум на рочиштето, односно 22 декември“.
Управата за извршување на санкции во меѓувреме, изврши вонреден надзор во затворот во Струга, при што било утврдено дека нема пропуст кај управата на затворот и констатирано е дека станува збор за грешка која ја направил судот.