• Latest

МПМ со месеци не им исплаќа хонорари на дописниците!

December 1, 2016

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МПМ со месеци не им исплаќа хонорари на дописниците!

December 1, 2016 14:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Десетина дописници на медиумската компанија „Медиа Принт Македонија“ од јули годинава не добиле хонорар. Компанијата им должи од 20.000 до 100.000 денари, на секој дописник одделно. Новинарите за Грин ЦИВИЛ се пожалија дека веќе немаат средства за да продолжат со работата. За нив е несфатливо, како може МПМ да нема пари само за нивните хонорари, а редовно да се исплаќаат плати за вработените и хонорари на новинарите ангажирани во скопските редакции, што било случај минатата недела.

mpm-3
„Медиа Принт Македонија“

„Ние сме новинари од трите весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“. Работиме за сите медиуми, посветено со години. Најголем дел од нас се ангажирани дописници од основањето на овие весници. Проблемот со исплатата на нашите хонорари, станува хроничен. Секој ден сме на терен, ангажирани за сѐ, работиме на сите теми, ги извршуваме нашите работни задачи беспрекорно, сами ги сносиме трошоците на превоз, за телефон… Зарем, не заслужуваме да ни се плати професионалниот труд?“, прашуваат новинарите.

Некои од нив се добитници и на награди за дописнички текстови. Нивни текстови се преземани и во медиумите во странство, зашто станува збор за квалитетни новинари, виртуози на својот занает, за кои компанијата МПМ не може да најде средства за исплата на хонорарите.

„На средбата со претставници од менаџментот неодамна, ни рекоа дека можеме да продолжиме со работа, доколку ни одговараат овие услови. И овој пат ни потенцираа дека компанијата се соочува со финансиски проблеми, и затоа не ни се исплаќаат хонорари. Ни најавија наскоро решение, но кога? Ќе дојде нова година, а ние сме без пари“, реагираат дописниците на изданијата МПМ.

Ако не им се исплатат итно заостанатите хонорари, новинарите најавуваат порадикални мерки.

Одговор на прашањето се обидовме да добиеме од надлежните во МПМ. Нѐ упатија во Одделот за човечки ресурси, но таму никој не одговори на телефонските повици.

Трите дневни весници на МПМ се медиуми, коишто според уредувачката политика се блиски до власта, особено по чистката спроведена последнава година, кога откази добија бројни новинари со критичко перо. Членови на менаџметот на МПМ се меѓу истакнати јавни личности во државата, а еден од сопствениците, според „Форбс“, е на листата на најбогати граѓани во Македонија.

Моника Талеска

Tags: ВестДневникдописнициМПМУтрински весникхонорари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ