• Latest

Мрежа за климатска акција на Европа: Земјите од ЗБ да се обврзат на целосно укинување на јагленот до 2040 и зголемување на системите за обновлива енергија

May 14, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Мрежа за климатска акција на Европа: Земјите од ЗБ да се обврзат на целосно укинување на јагленот до 2040 и зголемување на системите за обновлива енергија

May 14, 2025 11:45
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По повод третиот циклус на Национално определени придонеси (НДЦ) кон Парискиот договор, кои требаше да бидат поднесени од земјите на почетокот на 2025, Мрежата на климатска акција на Европа (CAN Europe), презентира сет препораки со кои ги повикува Владите на Западен Балкан да ги зголемат своите климатски амбиции и да претстават сеопфатни, инклузивни, партиципативни ажурирани Национално определени придонеси.

Доколку се развијат правилно, овие планови би можеле да обезбедат основа за праведна енергетска транзиција и одржлив развој, во согласност со целта за задржување на зголемувањето на температурата не повеќе од 1,5 степени Целзиусови од Парискиот договор, стои во соопштението на Мрежата на климатска акција на Европа.

Според Мрежата, земјите во регионот се меѓу климатски најранливите во Европа, додека јагленот сè уште доминира во производството на електрична енергија, а планирањето за приспособување кон климатските промени останува фрагментирано.

Во исто време, регионот се обврза на климатска неутралност до 2050 година и се очекува да се усогласи со климатското законодавство на ЕУ како дел од своите амбиции за пристапување. Циклусот на НДЦ 2025–2035 нуди критична можност за усогласување на националните климатски планови со овие обврски и поддршка на системската трансформација во сите сектори.

Дополнително, како што се приближува COP30 во Белем и глобалната амбиција е во центарот на вниманието, регионот има навремена шанса да демонстрира лидерство и цврста посветеност на климатската правда – и дома и на меѓународна сцена.

За да послужат НДЦ-та како инвестициски планови, земјите од Западен Балкан мора да го наведат и износот и видот на потребните финансии.

-2035 година ја означува средната точка помеѓу моментот кога повеќето земји почнаа да ги спроведуваат своите НДЦ-а во 2020 година и кога многумина, како земјите во Западен Балкан, ветија дека ќе достигнат нето-нула емисии до 2050 година, изјави Кјара Мартинели – директорка на CAN Europe.

Таа истакна дека сега е речиси последната можност да се консолидираат националните планови и да се обезбеди јасна визија што би се справила со два главни предизвици во Западен Балкан – поставување доволно високо ниво на амбиција за да биде веродостојно постигнувањето декарбонизација до 2050 година и воспоставување компатибилен временски рок за постепено отстранување на јагленот.

Новиот документ за јавни политики на CAN Europe и граѓанските организации членки во регионот на Западен Балкан, ги истакнува клучните очекувања за Национално определените придонеси од 2025 година, врз основа на упатствата за НДЦ 3.0 на CAN International.

Документот, како што се наведува во соопштението на CAN Europe, идентификува конкретни активности потребни за зголемување на амбицијата и кредибилитетот, обезбедувајќи еднаквост, учество и финансирање во националните планови.

Клучни препораки што произлегуваат од документот се – Усогласување помеѓу науката и правичноста, утврдување на цели за намалување на емисиите на ниво на целата економија за 2030 и 2035 година во согласност со патоказите за 1,5 степени Целзиусови и принципите на фер удел, односно поднесување долгорочни стратегии во согласност со целта за постигнување на домашни нето-нула емисии најдоцна до 2050 година.

Натаму, фазно укинување на фосилните горива – крај на субвенциите за јаглен и експанзијата на фосилните горива.

-Сите земји мора да се обврзат на целосно постепено укинување на јагленот до 2040 година и брзо зголемување на енергетската ефикасност и системите за обновлива енергија, штитејќи ги човековите права, стои во документот.

Во него се додава и планирањето на праведна транзиција, при што владите мора да ги поддржат заедниците зависни од јаглен и да обезбедат социјален дијалог, со интегрирање на заштитата на работната сила и мерки за климатска родова рамноправност во националните планови за транзиција.

Се споменува и засилување на адаптацијата, при што сите НДЦ мора да вклучуваат цели за приспособување кон климатските промени  (адаптација) усогласени со националните планови за адаптација и да ги одразуваат ризиците специфични за регионот, вклучувајќи поплави, шумски пожари и суши.

-Овозможување на учество и заштита на правата НДЦ мора да вградат пристап базиран на права и да гарантираат значајно учество на сите засегнати страни, вклучувајќи ги младите, жените и засегнатите заедници, во процесите на планирање, имплементација и следење. Мобилизирање на финансии: НДЦ мора да функционираат како инвестициски стратегии. Земјите треба јасно да ги дефинираат финансиските потреби и приоритети и да го подобрат пристапот до финансирањето на ЕУ за климатски промени, но и меѓународните механизми за поддршка, стои во документот.

Координаторката за климатски и енергетски политики Фросина Антоновска посочува дека за регионот на Западен Балкан, важно е да се препознае како национално определените придонеси можат да ги поддржат националните развојни цели покрај самото ублажување на климатските промени.

Во февруари 2025 година, Црна Гора стана првата земја во регионот што го поднесе својот ажуриран НДЦ, додека Косово го усвои својот прв доброволен придонес. Овие случувања покажуваат дека лидерството е можно – но сите земји од Западен Балкан мора да продолжат со работа на ажурирани и зајакнати НДЦ во наредните месеци, стои во соопштението на Мрежата за климатска акција на Европа, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ