• Latest

МЦМС: Граѓаните не се оптимисти дека корупцијата ќе се намали во иднина

December 8, 2021

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

МЦМС: Граѓаните не се оптимисти дека корупцијата ќе се намали во иднина

December 8, 2021 16:22
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Корупцијата е најголем проблем за граѓаните кои не се оптимисти дека таа ќе се намали и во иднина. Според граѓаните, судиите, министрите, пратениците, градоначалниците и обвинителите се најкорупирани, покажува истражувањето за проценка на корупцијата спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Вкупно 80 проценти од анкетираните сметаат дека желбата за брзо богатење на оние кои се на власт влијае на широката распространетост на корупцијата, а значен фактор е и недостатокот на строга административна контрола на корупцијата, неспроведувањето на законите и недоволната заштита на лицата кои пријавуваат корупција.

– Иако околу една третина од граѓаните (33,7 проценти) биле изложени на коруптивен притисок, а 32,9 проценти биле вклучени во корупција, сепак, корупцијата останува неказнива. Овој процент, претворен во апсолутни бројки, под претпоставка дека се работи за поединечни случаи, покажува дека станува збор за потенцијално над 550.000 сторени дела. Во 2020 година, вкупно 82 лица биле осудени за злоупотреба на службената положба или поткуп, односно, стапката на ефикасност на институциите од 0,015 проценти, толкав е процентот на случаи кои се обработуваат наспроти оние кои претпоставуваме дека се случуваат, наведува МЦМС.

Мал број од граѓаните или само четири проценти се изјасниле дека би платиле поткуп, а 17 проценти би платиле доколку можат да си дозволат. За разлика од нив, 45 проценти не би платиле во никој случај, а 31 процент не би платиле доколку има друг начин да го решат проблемот.

Речиси три четвртини од граѓаните сметаат дека постои веројатност или голема веројатност за коруптивен притисок и во иднина. На скалата од еден до пет, каде што еден значи дека воопшто нема корупција, а пет распространетост на корупцијата од највисоко ниво, 75 проценти од граѓаните дале највисоки оценки за распространетост на корупцијата во судовите, 71 процент за распространетост на корупцијата во обвинителството и над 66 проценти сметаат дека корупцијата е распространета во Владата и Царината.

Што се однесува до довербата во антикорупциските институции, речиси 33 проценти од граѓаните имаат целосна или делумна доверба за справување со корупцијата во Владата, 30 проценти во Министерството за внатрешни работи, а Државната корупција за спречување корупција е на трето место со околу 24 проценти.

Според МЦМС, довербата во овие институции значително опаднала во споредба со 2019 и 2018 година.

Анкетата за потребите на МЦМС ја спровела ИПСОС на репрезентативен примерок од 1014 полнолетни лица. Анкетата е спроведена во периодот од 27 април до 20 мај годинава.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ