• Latest

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува деца за политички цели-извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Гевгелија

November 25, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува деца за политички цели-извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Гевгелија

November 25, 2022 15:26
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека во врска со случајот на „претепано 10 месечно дете во градинка во Гевгелија“ како што тоа беше пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на своите надлежности спроведе вонреден инспекциски надзор.

Од страна на инспекторите на терен, а согласно дадените изјави на негователките во групата на деца каде што е посочен немилиот настан,  детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца. Гребнатините веднаш биле санирани од негователките, а детето продолжило со вообичаените активности, како и сите деца во групата. Мајката била известена за настанот при преземањето на детето од установата, со оглед на проценката на негователките од нивната досегашна пракса дека се работи само за гребнатинки. Директорката на установата била известена за настанот, од страна на негователките истиот ден.  При увид во листата за евиденција на присутни деца, детето од следниот ден не ја посетува градинката, од причина што по претходна најава кај негователките од страна на родителите отпатувало со мајката во странство.

Директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка ДЕТСКА РАДОСТ –Гевгелија, поднела предлог за поведување на дисциплинска постапка против негователките и донела Решение за формирање на комисија за утврдување на повреда на работната дисциплина.

При вонредниот инспекциски надзор е утврдено дека директорот  на  Јавната  општинска  установа за деца- детска  градинка ДЕТСКА  РАДОСТ –Гевгелија, постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата.

Министерството за труд и социјална политика остро ги демантира изјавите на член на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за „брутално претепано дете“ и силно укажува на тоа дека децата не смеат да се користат и злоупотребуваат за политички цели. А ширењето на страв, манипулација и чувства на вознемиреност и несигурност кај граѓаните се познат начин на делување на ВМРО-ДМНЕ.

Имено и Градоначалникот и Советот на Општина Гевгелија кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, во делокруг на своите законски обврски како основач на установата, во неколку наврати го прекршија Законот за заштита на децата, заземајќи ставови и носејќи одлуки спротивни на законот и интересите на граѓаните, а спроведување на законот е нивна законска обврска, утврдено од инспекциските служби.

Поради тоа,  Министерството за труд и социјална политика, како  надлежно за областа заштита на децата, преку вршење на инспекциски надзор неколкупати даде укажувања за постапување во рамки на законот на  на Градоначалникот на Општина Гевгелија  и на  Советот на Општина Гевгелија со оглед на фактот дека беа констатирани материјални и процедурални недостатоци во нивната работата и кршење на одредбите од Законот за заштита на децата.

Поради не постапување на градоначалникот на О. Гевгелија и Советот на општината, по дадените укажувања Министерството за труд и социјална политика согласно закон на Градоначалникот на Општина Гевгелија и Советот на општина Гевгелија им одзема надлежности поврзани со донесување на одлуки од нивна страна во делот на детската заштита и непречено одвивање на процесот згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст во ЈОУДГ Детска Радост Гевгелија , меѓу кои и одземената надлежност за избор на директор, за кој Градоначалникот на Општина Гевгелија  не изврши  избор по претходно законски спроведена процедура  во  определениот законски  рок. Напоменуваме дека директорот на установата од страна на Министерството за труд и социјална политика е именуван согласно одредбите од Законот за заштита на децата.

Заложбите на Министерството за труд и социјална политика отсекогаш биле и ќе останат приоритет  за обезбедување на безбедни услови за згрижување на децата во предучилишните установи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ