• Latest

МТСП: Згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк

April 11, 2022

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МТСП: Згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк

April 11, 2022 14:56
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика информира дека утрово утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца- детски градинки, и дека  згрижувачко-воспитната дејност во предучилишните установи непречено се одвива и во време на штрајк, пренесува МИА.

– Од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, штрајкот на дел од вработените се одвива во 54, а во 21 Јавна установа вработените воопшто не се приклучија кон штрајкот организиран од  СОНК.

Само во една односно во  ЈОУДГ „Детска Радост“, Гази Баба, Скопје, воопшто во текот на денот не се згрижуваа деца, а во  ЈОУДГ „Пролет“ Карпош, се згрижуваа деца само во еден објект. Во сите останати предучилишни установи и покрај одржување на штрајкот на вработените во градинките, непречено се одвива згрижувањето и воспитанието на децата, информира МТСП.

Целокупната состојба на терен потврдува дека установите и вработените го почитуваат Законот за заштита на децата и ја обавуваат дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и при остварувањето на правото на штрајк обезбедуваат непречено одвивање на дејноста, стои во соопштението на Министерството.

Заштитата на децата и нивните права останува да биде  високо на агендата на приоритети на Министерството за труд и социјална политика, додаваат оттаму.

Најголем дел од детските градинки работат и ги згрижуваат децата, мал дел градинки во Гази Баба, во Бутел и една градинка во Карпош не работат. Останатите градинки во државата, ги згрижуваат децата и имаат воспитувачи и негователи, кои не штрајкуваат и ги згрижуваат децата, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10 на Телевизија 24.

Воедно, таа посочи дека едно од барањата на СОНК  е усогласување на Колективниот договор со минималната плата и покачување на платите на воспитувачите и негувателите за 18,4 проценти за кое и единствено се разговарало на состаноците, додека за другите барања на СОНК , а кое се однесуваат на почитување на работното време, во делот на приправниците, унапредувањето од пониско кон повисоко работно место, почитување на нормативите за конституирање на групите, водењето на еден дневник и кариерниот развој на воспитувачите и негователите, не се отворила дискусијата.

Во однос на платите на вработените во детските градинки, министерката истакна дека од 2017 година, тие бележан континуиран раст.

– Во 2017 година,  платата на воспитувач била 18.300 денари, денес во февруари платата е 26.574 денари. За негувател сега просечна  плата е 19.560 денари, а во 2017 година негователот земал плата 14.493 денари. Ова покажува дека платата е покачена за околу 21 процент, а техничкиот персонал доби покачување со  Законот за минимална плата и нема пониска плата од 18.000 денари, рече Тренчевска.

Исто така, министерката додаде дека со барањето за покачување негователите би добиле околу 24.000 денари, нето плата, без минат труд, додека пак, воспитувачите 30.500 денари.

Министерката, ушто посочи на тоа дека во услови на најголема светска економска и енергетска криза во поново време и во услови кога државата го финансиски го поддржува приватниот сектор, за да се задржи ликвидноста на компаниите и се обезбеди на плата за јавниот сектор, во време кога се покачи минималната плата и пензиите, покачувањето на платите на јавниот сектор може да почека.

– Социјалниот дијалог продолжува, потребно е да разговараме и за барањето за усогласување на платите, но и за останатите барања, за нов колективен договор, со оглед дека сегашниот завршува на крајот од јуни и за сите барања кои значат повеќе права за вработените во Јавните установи за згрижување на деца од предучилишна возраст, посочи Тренчевска.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ