Отако вчера ЦИВИЛ Медиа објави дека Марија Котовска (намерно изоставено дека е новинарка на МТВ, додека не добиеме одговор), преку својот Фејсбук профил повикува – „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“, од МТВ за ЦИВИЛ Медиа одговорија дека новинарката Марија Котовска својот став го искажала на својот личен профил на социјалната мрежа – „Фејсбук“, а не во рамките на програмските содржини на Јавниот сервис.
„МТВ осудува секаков облик на говор на омраза и ќе постапи согласно со Етичкиот кодекс на ЈРП МРТ, во којшто (според Член 12) при каков било јавен настап, секој вработен на МРТ е обврзан да ги почитува и чува деловните и програмските интереси на МРТ, нејзините углед и професионална дејност, како и својата професионална вредност. МРТ останува доследна на одредбите на Етичкиот кодекс според кој секој работник во Јавниот сервис е обврзан да се придржува до највисоките професионални и етички начела, велат од Првиот програмски сервис на МРТ.
„Браќа и сестри Македонци и Македонки, на 2 ри август на Мечкин Камен, побројни од лани, да и покажеме среден прст на стоката северџанска со јасна порака дека на комунистичките изроди не им е таму местото. Македонија на Македонците, никогаш Северна само Македонија“, стои во повикот на новинарката Котовска.
ЦИВИЛ ги осудува сите повици за насилство и говор на омраза и бара од надлежните институции соодветно да реагираат.
Дехран Муратов