• Latest

Пред да дивеат, националистите и хулиганите треба да го прочитаат Крушевскиот манифест

July 22, 2019

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пред да дивеат, националистите и хулиганите треба да го прочитаат Крушевскиот манифест

ЦИВИЛ ги осудува сите повици за насилство и говор на омраза и бара од релевантните институции да реагираат навремено и соодветно на своите законски ингеренции, преземат итни мерки за санкционирање на сите кои повикуваат на насилство.

July 22, 2019 15:48
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиот период, ЦИВИЛ бележи голем број изрази на говор на омраза и повици на насилство врз основа на етничка и верска припадност, политичка определба и сексуална ориентација. Говорот на омразата и повиците на насилство најмногу се бележи на социјалните мрежи, но неретко е присутен и на интернет порталите.

Еден од најновите повици на насилство со употреба на експлицитен говор на омраза се нотира и по повод прославата на Илинден на Мечкин Камен, на 2 август. Еден од нив е Фејсбук настанот: „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“.

„Ова не е единствен повик на насилство врз институциите и врз националните симболи, од структури што ги има и во македонската и во албанската етничка заедница. За среќа, тие се малубројни, но нивната деструкција има несогледливи размери. Институциите секогаш мора да реагираат навремено и решително. Јасно е дека зад „храбрите“ поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори. Тие мора да се соочат со полната сила на законот. На тие што организираат вакви наци настани, им порачувам: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нека го прочитаат Крушевскиот манифест за почеток“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги осудува сите повици за насилство и говор на омраза и бара од релевантните институции да реагираат навремено и соодветно на своите законски ингеренции, преземат итни мерки за санкционирање на сите кои повикуваат на насилство.

Воедно, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со пријавување на случаи на кршење на човековите права, корупција, говор на омраза и лажни вести на онлајн формуларите на веб страницата Граѓански објектив.

Share114TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ