• Latest

Муарем: Иако има кадар, Ромите не добуваат раководни функции во јавниот и приватниот сектор

October 2, 2020
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Муарем: Иако има кадар, Ромите не добуваат раководни функции во јавниот и приватниот сектор

October 2, 2020 11:35
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарот Рамуш Муарем-Цирко, на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ, истакна дека издвојувањето на етничката припадност за вработувањето не може да се смета како афирмативна и дека тоа се коси со Уставот на државата.

„Знаеме дека сме мултикултурна држава и вакви предлози одма ги кршат копјата, од една или друга страна секогаш има напади, и ова мерка може да донесе повеќе раздор отколку економска или некоја друга стабилност“, додаде Муарем.

Тој истакна дека кај Ромите во државата е повеќе присутна сиваta економија, затоа што самите гледаат дека немаат шанси или шансите се многу минимални да се вработат во јавниот или приватниот сектор.

„Државата прави напори да се елиминира таа сива економија, за да се полни буџетот, а Ромите се принудени така да работат, бидејќи немаат пристап до вработување во приватниот сектор, или ако се вработат тогаш се на функции од понискиот ешалон, а раководителни функции нема шанси да добијат“, рече Муарем.

Муарем истакна дека вработувањето на Ромите во јавната администрација според Рамковниот договор е на многу ниско ниво. Тој додава дека не се работи за немање на професионален кадар, бидејќи има доста дипломирани Роми со имплементација на Декадата на Ромите 2005-2015 година.

„Во судските органи нема вработено доволен број на Роми, освен заменик – народен правобранител Васка Бајрамовска и мислам дека има еден судија Ром во Основниот суд во Гостивар, и толку. Во Министерството за внатрешни работи процентот на вработени Роми е 0,7. Во Музеите има 0,5 осто вработени од ромската заедница (тоа е од областа Култура). Вработеноста на Ромите во образованите институции во средните училишта е 0,2 проценти, во високото 0,3 отсто, во основното е 0,6 отсто, но тоа е бидејќи има две основни училишта во Шуто Оризари и затоа бројката е повисока. Бројките на вработување на Роми е катастрофална“, истакна Муарем.

Тој додава дека работната способност и капацитет не може да се одредува според етничката припадност, односно ако го бива – го бива, ако не го бива тогаш не го бива.

Муарем нагласи дека перцепцијата дека Ромите сами не се ценат доволно, е затоа што самата држава не ги прецепира. Тој истакна дека „колетерална штета“ е тоа што во новата влада нема Ром – министер без ресор за имплементација на Стратегијата на Ромите.

„Покрај тоа што нема министер Ром во новата влада, нема ниту заменик министер, нема ниту еден раководител во јавните претпријатија… има само една пратеничка Ромка во Собранието, и толку“, потенцира Муарем.

Муарем додаде дека државата најавува Директориум, но се уште не се знае кога ќе профункционира, кој ќе биде назначен, итн.

обработка на текст: Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ