Рамуш Муарем – Цирко, новинар, на дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите, ја посочи потребата од славење на Ромскиот идентитет.
„Ромите се раѓаат со инфериорност. Тие мораат од сам старт да научат два јазика. Досегашните гарнитури еве до кое дереџе не донесоа. Јас забележувам еден интересен момент, ако треба да биде активен тој блок за бранење на правата на Ромите, тие полека, едноставно, се претопуваат во не ромски политички партии. Тие влегуваат во не ромски партии, прво за личен бенефит, па подоцна да се види како може да се бранат интересите на ромската заедница. Сите знаеме зошто се местат и прифаќаат такви позиции. За економската бранша немаме ромски претставник.
Правата на Ромите треба да се почитуваат секој ден, како и на секое малцинство. Многу малку примери има каде се слави ден на некое малцинство. На 8 април донесен е одлука за користење на зборот Ром или Ромка, за користење на ромското знаме, јазик и химна. Со тоа се дефинира ромскиот идентитет. Според мене, подобро е 8 април да биде ден на Ромскиот идентитет“, истакна Муарем-Цирко.