На 4 април Русија изврши исплати за две државни обврзници – со рок на достасување во 2022 и 2042 година – во рубли, а не во долари. „Договорите за обврзници не содржат одредби за отплата во која било валута, освен долари“, соопшти агенцијата.
„Затоа, според дефиницијата на ‘Мудис’, може да се смета дека Русија е во банкрот ако не ги исполни обврските во долари до 4 мај, кога истекува едномесечниот грејс-период“, се вели во соопштението на „Мудис“ од четвртокот.
„Мудис“ тврди дека некои еврообврзници издадени на Русија по 2018 година дозволуваат плаќање во рубли под одредени услови, но дека постарите од тој период не го дозволуваат тоа.
„’Мудис’ смета дека вложувачите не добиле договорена исплата во странска валута на датумот на достасување на исплатата“, велат од агенцијата.
Русија ја повтори својата желба да го врати долгот, но Западот ја спречи со воведување строги санкции по нападот на Украина на 24 февруари.
Русија не отплати 40 милијарди долари внатрешен долг во 1998 година, па ја девалвира рубљата во времето на претседателот Борис Елцин бидејќи практично банкротира по азиската должничка криза и падот на цената на нафтата.