ЦИВИЛ во изминатата недела имаше интензивни активности во Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“. Во шестото издание на неделниот магазин „Мулти култи бриф“ накратко беа презентирани активностите на ЦИВИЛ.
Преставници на ЦИВИЛ во рамки на Иницијативата оваа недела остварија средба со членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и со Народниот правобранител, Насер Зибери.
Преставници на ЦИВИЛ, досега остварија средба со Претседателот Стево Пендаровски, со Националниот кординатор за интеркултурализам и едно општество, Роберт Алаѓозовски, со директорот и заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Еран Куртиш и Џељал Хоџиќ, како и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
ЦИВИЛ оствари средба и со пратеникот и член на собраниската Комисија за односи меѓу заедниците, Зеќир Рамчиловиќ, а по средбата пратеникот даде интервју за ЦИВИЛ Медиа во рамки на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
Претставниците на ЦИВИЛ одржаа и работна средба со проф. д-р Рубин Земон, поранешен пратеник и еден од најактивните учесници во процесот на креирање на стратегијата „Едно општество за сите“.
ЦИВИЛ е во комуникација и со кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Од почетокот на 2022 во рамки на мултикултура ЦИВИЛ има објавено 68 текста, кои вклучуваат интервјуа, изјави, колумни…
Во рамки на проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, изјави дадоа: Новинарот и уредник Сеад Ризвановиќ, универзитетската професорка Мимоза Ристова, активистката Мерита Максути, политикологот Благојче Атанасовски, архитектката Ива Петрунова, поранешната новинарка Оливера Јовановска, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
ЦИВИЛ уште еднаш ги повика граѓанките и граѓаните да земат активно учество во оваа иницијатива.