ЦИВИЛ ги осудува сите обиди за понатамошна политизација, негирање и манипулација со резултатите од пописот. Се работи за попис, статистичка операција што е исклучително важно за економскиот и општествениот развој на земјата. И ништо повеќе.
Ова е првата тема за која ќе стане збор во денешниот „Мулти-култи бриф“ на ЦИВИЛ кој ќе се одржи во 13 часот денеска, 1 април 2022. Брифингот е јавен и ќе се емитува во живо, на Фејсбук страната и Јутуб каналот на организацијата.
Новинарките и новинарите имаат Зум линк подолу во овој мејл.
На брифингот ќе се објават и информации за другите активности во текот на изминатата недела што се дел од иницијативата на ЦИВИЛ „Чекор напред кон мултикултурно општество“.