„По повод меѓународниот ден на Ромите 8 април, Министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020 организира свечен гала концерт, кој ќе се оддржи на 5 април 2018, во просториите на Македонска опера и балет со почеток од 19 часот“, соопштуваат од Кабинетот на Ахмедовски.
На настанот ќе се обратат Претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев, Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Самка Ибраимоски.
Со оперски композиции ќе настапата Ернес Ибраимоски, хорот на МОБ со Томислав Шопов, КУД Рушид Шаќир, Наташа Тасиќ Кнежевиќ, Дарко Нешкоски, Ибуш Ибраимоски и Иван Еминовиќ.
Покровители на настанот се министерот без ресор задожен за имплементација на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.
К. С.