• Latest

Меѓународен ден на социјалната правда: Македонија е мрачно место за живеење!

February 20, 2017

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународен ден на социјалната правда: Македонија е мрачно место за живеење!

February 20, 2017 16:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Систематското и континуирано кршење на човековите права и слободи, лошите политики во сферата на социјалната правда, растечката сиромаштија, нефункционалноста на синдикатите, кои треба да ги штитат работничките права, злоупотребата на социјалните прашања во изборен и политички контекст е „традиција“ која има длабоки корени во Република Македонија. Македонија е мрачно место за живеење. Како таква, нашата земја го дочекува и овој 20 Февруари, Меѓународниот ден на социјалната правда.

Социјалната правда е високо на агендата на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Тоа ги вклучува и заложбите за почитување на работничките права, но и за заштита на другите општествено и социјално-маргинализирани и загрозени категории на граѓанки и граѓани. Огромен број луѓе секојдневно се соочуваат со дискриминација и кршење на социјалните права, во еден жестоко корумпиран систем кој е во спрега со криминално владеење во кој страдаат токму сиромашните и обесправените, се вели во соопштението на ЦИВИЛ, по повод денешниот Меѓународен ден на социјалната правда

Овој ден на социјалната правда е посветен за промовирање на напорите и заложбите на напорите за справување со сиромаштијата, социјалната и економската исклученост и невработеноста.

Генералното собрание на Обединетите нации на 26 ноември 2007 година, донесе одлука 20 Февруари да се прогласи за ден посветен на социјалниот развој, солидарноста, еднаквоста и хармонијата, како темелни вредности во постигнување на социјалната правда, односно, „општество за сите“ и еднакви можности за секого. Со одбележување на овој ден, меѓународната заедница и земјите-членки на ОН се обврзаа дека ќе ги зголемат своите напори во искоренување на сиромаштијата, промовирање на целосно вработување, на родова еднаквост и пристап до социјалната благосостојба и на правда до сите.

Истражувањата и анализите кои ЦИВИЛ ги спроведе со проектот „Социјална правда сега!“ и „Ветувања и злоупотреби“, како и посветеноста на јавно разоткривање на социјалните неправди, укажуваат на фактот дека злоупотребата на социјалните прашања во Македонија потекнува од заробеноста на државата и од политичките манипулации во борбата за моќ.

За жал, со продлабочувањето на политичката криза во земјата може да се заклучи дека Македонија сѐ повеќе тоне во сиромаштија, но и дека постои целосна исклученост на социјално загрозените групи граѓанки и граѓани.

ЦИВИЛ се залага за социјална правда и веќе со години наназад излегува во јавноста со барања за ефективно и брзо решавање на проблемите во оваа област, итно подобрување на социјалните политики и ги повикува политичките партии, институциите и регулаторите да се ослободат од партиските стеги и да реагираат навремено на злоупотребите на социјалната правда.

ЦИВИЛ им се обраќа и на граѓаните и граѓанките на Република Македонија да не се плашат и храбро и слободно да зборуваат за своите проблеми и јавно да се изборат за своето уставно гарантирано право на достоинствен живот.

Неготино, пролет 2015: Проект на ЦИВИЛ – Центар за слобода и на Фондацијата „Фридрих Еберт“

Tags: борбата за моќзлоупотреба на социјалните прашањаМеѓународен ден на социјалната правдаОбединети Нациирастечка сиромаштијаСоцијална правда сега!социјалната правдаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ