Бошњачката културна заедница во Република Македонија ќе ја организира петтата меѓународна балканска изложба „МОСТ“ во Културно-информативниот центар.
На изложбата, која ќе биде отворена во 19 часот, ќе се претстават автори – сликари од Турција и од Македонија.
Промотори на нивните дела ќе бидат Фехим Хусковиќ од Факултетот за ликовни уметности во Скопје и професорот по историја на уметност Џемил Бектовиќ од Интернационалниот балкански универзитет.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.