Дехран Муратов – ЦИВИЛ, на панелот Национализмот и дискриминацијата на локално ниво, што се одржа на 12 мај 2022 година, се осврна на правичната застапеност на помалите етнички заедници, проблемот со јавниот градски превоз, и како се доживува и аплицира сето тоа во и вон институциите.
Уште еднаш се потврдува дека ромската етничка заедница е една од нај дискриминираните во нашата држава, се потврдува и со последниот случај, тоа што единствената општина во цело Скопје, која остана без јавен превоз, е општината Шуто Оризари. Во последните неколку денови, граѓаните на оваа општина се снаоѓаат како знаат и умеат, да стигнат до своите работни места, до училиште, до болница, и така имаат и дополнителни финансиски трошоци, бидејќи, на пример, ако во изминатиот период извадиле слободни карти за јавен превоз, односно на државата и платиле за јавен превоз, сега не можат да си ги искористат тие билети. Отсеченоста на оваа општина се случува во моментот кога најголемата опозициска партија реши да го блокира собранието, а најавија и други блокади, па јас се надевам и сакам да верувам дека тоа не е некоја политичка кампања која дел од структурите сакаат да ја исполнат, почнувајќи од ромската етничка заедница и единствената ромска општина во државата.
Панелот се одржа во деновите кога линијата со број 19 на градскиот јавен превоз, беше прекината. Проблемот со автобусот број 19 во меѓувреме се реши.
Муратов укажа на тоа дека сепак почитувањето на различностите и правичната застапеност на помалите етнички заедници, посебно во помалите општини во земјава, е на декларативно ниво.
За жал, институциите, тие што ги посетивме и со кои разговаравме за мултикултурализмот, почитувањето на различностите, сите се декларативно се борат и сакаат да имаат соживот и мултикултурализам, почитување на правата, правична застапеност, но кога ќе излеземе од тие институции, од тие рамки, надвор од нивните кабинети, ситуацијата е малку поразлична. За жал, можеби граѓаните во минатото така живееле па сега кога ќе видат дека им следуваат права на помалите етнички заедници, или на оние кои до вчера биле маргинализирани, и се уште се, и одеднаш кога ќе си ги добијат прават кои и законски им следуваат, мнозинството кое живее таму, имаат впечаток дека нешто всушност им даваат на тие помали етнички заедници, посочува меѓу другото Муратов.
Д. Тахири
Камера и монтажа: Ариан Мехмети