-Јас не сум бројка. Не треба моите права да ми ги дадат врз основа на бројки“, вели Дехран Муратов, новинар и координатор во ЦИВИЛ, кој зборува за значењето на пописот за „помалубројните етнички заедници“.
– Колку се помалубројни? Дваесет години немаме попис. Не знаеме колку жители има во државата. Помалубројните заедници се тие кои што најмногу мигрираат. Убеден сум дека ќе биде поголема бројката на иселени отколку на тие кои што живеат во земјата, вели Муратов. Тој нагласи дека етничката припадност е предмет на манипулација од низа аспекти. – Имавме примери каде што Албанци се попишуваат како Македонци, Македонци како Роми, за да се стекнат со некакви права. Треба секој да се попише како што се чувствува. Ако некој се чувствува како Ром, нека се попише како Ром. Ако се чувствува како Египќанин, нека се попише како Египќанин, вели Муратов.