Аналитичарот Латиф Мустафа, родум од Прешево, објави мапи со кои укажува дека разговорите што се водат помеѓу Косово и Србија, и идејата за размена на територии ризикува да придонесе тешки последици за двете земји а посебно за жителите. Тој изјавува дека идејата за размена на територии според географската положба ќе предизвика нови поделби и етничко чистење. Во изјава за Цивил Медиа и Дрејт, Мустафа преку мапите објаснува дека Прешевската долина е во опасност од поделба. Медвеѓе повеќе нема географска поврзаност со Прешево и Бујановац (јужна Србија), така што оваа општина нема ниту практична можност за евентуално обединување со Косово.
Еден друг аргумент во овој правец е и преселбата на населението и демографските промени што се случиле последните години во овој град. Освен тоа, Мустафа вели дека автопатот (коридор 10) што ќе биде под надгледност од Србија, го дели Прешево. Со овие сценарија коишто се актуелни во политичките кулоари и според географската позиција, Латиф Мустафа вели дека во Косовска територија ќе преминат еден дел од селата, и половина од градот Прешево.
Другиот дел на Прешево и Бујановац ќе останат во Србија. “Село Трновци ќе премине во Косово, а градот Бујановац ќе остане во Србија. Предградието на Прешево и селата од Карадачкиот регион ќе преминат во Косово, а плодните земјишта од Прешево ќе и останат на Србија, етничкиот дел со симболична бројка на Срби, којшто сепак ќе остане во Србија. Но ако се земе во предвид сценариото според правилото дека границата треба да биде 4 километри далеку од автопатот, тогаш, не само што Прешево ќе остане во Србија, туку ќе навлезе и за уште 4 километри подлабоко“, вели Мустафа. Според него, останатиот дел на Албанците во делот на Прешево што останува во Србија, ќе останат екстремно малцинство, и како такви би биле принудени да се отселат од земјата, или да се преселат во Косово, бидејки со таквата територијална поделба ќее ја изгубат локалната власт и други позиции. Аналитичарот Латиф Мустафа вели дека според новите делби за коишто се преговара, можно е границата да биде и смешна, бидејки е извесно дека во една куќа кујната ќе биде во Косово а дневната соба ќе остане во Србија.
Арбен Зеќири