„Македонија е мултикултурна држава. Има доста предизвици за кои треба да се разговара. Не само за предизвиците, туку кои се тие и кои се решенијата за таквите предизвици и проблеми. За разлика од минатото можам да кажам дека постои доза на подобрување во сферата на мултикултурализмот. Младите некако повеќе ја сфаќаат важноста за тоа колку е важно да имаме меѓусебна толеранција, туку и да ги знаеме вредностите на другата заедница“, изјави Селва Мустафи од „Романо Авази“ на панелот на ЦИВИЛ „Младите за мултикултурализмот и (не) дискриминацијата“.
За состојба со присуството на дискриминација во нашето општесто Мустафи смета дека таа најмногу е присутна кон ромската заедница во однос на другите етнички заедници во земјата.
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети