Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.
МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на територија на нашата земја, ниту од околните држави, но се апелира на будност и надзор со цел да се избегнат какви било несакани случувања.