Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. Регистрирани се 737 прекршоци на мерката за носење лична заштита на лице.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.
Владата на РСМ и Министерството за здравство започнаа кампања за носење маски со цел поддршка на Законот за заштита од заразни болести и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирусот (КОВИД-19).
Кампањата која го носи слоганот #НосамМаска, е поддржана и ќе биде промовирана од страна на сите функционери, членови и поддржувачи. Со цел да се подигне свесноста за важноста на заштитата од коронавирусот.